Писма на читатели

Трите злобни Аманити на македонската трпеза и Царицата

Вкусни се и прималиви на богата трпеза. Се прелажале и цареви. Внимавајте што ќе конзумирате. Прочитајте сè за нив пред некој да ви ги сервира во чинија. За живот се работи.

Аманити се фамилија на габи кои се одговорни за 95% од смртните случаи на лица затруени од било кој вид габи. Ги нарекуваат злобни габи поради спецификата на фазите на труење кои водат кон неизбежна смрт.

Во книгите кои сум ги прочитал велат дека Аманитите имат пријатен вкус кој се истакнува во споредба со другите габи.

Првите знаци на труење се појавуваат како релативно јак стомачен немир, пропратен со дијареа и повраќања. Овие симптоми се појавуваат неколку часа по конзумирањето на габите и траат околу 24 часа.

Во следната фаза овие симптоми се смируваат и речиси и да не постојат. Тоа е период од 24 до 72 часа (зависи од количината на изедени габи и времето на темичка обрботка на габите).

Следната фаза е смртната постела. По изминувањето на овој период, отровот од габите целосно го уништува црниот дроб а потоа сите останати органи во телото откажуваат. Дури и ако некој човек да го преживее труењето ќе има значитело оштетување на внатрешните органи. 

Но, не сите Аманити се отровни. 

Amanita Caesarea - Царица, Јајчарка, Булка, Благва, е една од најценетите габи. Се „раѓа“ од бело јаце од чија внатрешност ѕирка како жолчка. Кога ќе порасне од озгора има боја на старо злато на зајдисонце а од долу е жолта како „жолчката“ од која се „испили“. 

Легендите цитирани во книгите велата дека името Caesarea - Царица, го добила поради својот изглед и вкус. Велат била омилена на трпезата на благородниците.

Но истите легенди велат и дека нејзините смртно отровни двојници на трпезите на благородниците биле омилен отров на конспираторите. Временскиот период од конзумирањето до смрта нуделе доволно време конспираторите да се најдат на сигурно.

Amanita Muscaria - Црвена Мувоморка (смртно отровна) е спомната како една од состојките на нектарот од амброзија која ја пиеле боговите кои живееле на Олимп. На боговите нектарот им нудел визија за иднината додека смртниците паѓале во бесознание и умирале во тешки грчеви.

Габи спомнати во овој текст:

Amanita Verna - Бела Мувоморка (смртно отровна)
Amanita Muscaria - Црвена Мувоморка (смртно отровна)
Amanita Phalloides - Зелена Мувоморка (смртно отровна)
Amanita Caesarea - Царица, Јајчарка, Булка, Благва (Деликатес!)

* Почитувани, овој есеј не нуди целосни информации за габите кои се спомнати. Доколу сте заинтересирани за карактеристиките на габите, користете друг официјален извор на информации.

 

МАКЕДОНИЈА. АМАНИТИ. АМБРОЗИЈА. БЕССОЗНАНИЕ. 

 

1. Рамковниот договор (Amanita Verna - Бела Мувоморка)

- Македонија нема внатрешно да се стабилизира сè додека сите барања кои се генерално дефинирани во договорот и имплементирани во уставот не се исполнат во целост.

Прашања:

- Дали знаете таксативно да ги наброите барањата кои Македонија се обврза да ги исполни, а се вгрдени во уставот?

- Дали законските и подзаконските акти донесени од Собранието поради имплементирање на Рамковниот договор се временски дефинирани или се бесконечни?  

- Дали ја знаете процедурата по која Македонија декларира дека сè што е наведено во договорот е исполнето а другата страна декларира дека ја прифаќа оваа декларација? 

- Дали знаете кое е арбитражното тело кое ги следи чекорите кои ги презема Макдонија и ги нотифицира овие декларации? 

- Дали знаете кои се членовите на таквото тело, кој ги предлага, кои се нивните надлежности, правната основа на нивната надлежност, нивниот мандат и кое е корективното тело кое одлучува по основ на одредени жалби по нивните одлуки. Кои се правните акти по кои ќе се суди нивната одговорност и се оценува нивната евентуална вина?

- Дали знаете кои се меѓународните правни механизми на кои Македонија може да се потпре во случај да не постои јасно назначено арбитражно тело  со именувани членови за легитимно-правно да се бори за својот суверенитет?

2. Преспанскиот договор (Amanita Muscaria - Црвена Мувоморка)

- Македонија нема меѓународно да се стабилизира сè додека сите барања кои се генерално дефинирани во договорот и имплементирани во уставот не се исполнат во целост.

Прашања:

- Дали знаете таксативно да ги наброите барањата кои Македонија се обврза да ги исполни, а се вградени во Уставот?

- Дали законските и подзаконските акти донесени од Собранието поради имплементирање на Преспанскиот договор се временски дефинирани, во однос на роковите за  дополнувања и измени на таквите правни акти или уставните измени поради Преспанскот договор, преку дополнителни барања за законски и подзаконски измени имат бесконечно долг мандат на траење?  

- Дали ја знаете процедурата по која Македонија декларира дека сè што е наведено во договорот е исполнето а другата страна декларира дека ја прифаќа оваа декларација? 

- Дали знаете кое е арбитражното тело кое ги следи чекорите кои ги презема Македонија и ги нотифицира овие деклараци? 

- Дали знаете кои се членовите на таквото тело, кој ги предлага, кои се нивните надлежности, правната основа на нивната надлежност, нивниот мандат и кое е корективното тело кое одлучува по основ на одредени жалби по нивните одлуки. Кои се правните акти по кои ќе се суди нивната одговорност и се оценува нивната евентуална вина?

- Дали знаете кои се меѓународните правни механизми на кои Македонија може да се потпре во случај да не постои јасно назначено арбитражно тело  со именувани членови за легитимно-правно да се бори за својот суверенитет?

3. Договорот за пријателство (Amanita Phalloides - Зелна Мувоморка)

- Македонија нема меѓународно да се стабилизира се додека сите барања кои се генерално дефинирани во Договорот, и се очекува да бидат инплементирани во Уставот, не се исполнат во целост.

Прашања:

- Дали знаете таксативно да ги наброите барањата кои Македонија се обврза да ги исполни, а се очекува да бидат вградени во уставот?

- Дали, законските и подзаконските акти кои се очекува да бидат донесени од Собранието, поради имплементирање на договорот за пријателство се временски дефинирани или уставните измени поради договорот, преку дополнителни барања за законски и подзаконски измени имат бесконечно долг мандат на траење?  

- Дали ја знаете процедурата по која Македонија декларира дека сè што е наведено во договорот е исполнето а другата страна декларира дека ја прифаќа оваа декларација? 

- Дали знаете кое е арбитражното тело кое ги следи чекорите кои ги презема Македонија и ги нотифицира овие деклараци? 

- Дали знаете кои се членовите на таквото тело, кој ги предлага, кои се нивните надлежности, правната основа на нивната надлежност, нивниот мандат, и кое е корективното тело кое одлучува по основ на одредени жалби по нивните одлуки; или во случај да треба да одлучува за поединечни преставки по однос на работата на одредени членовите на арбитражното тело. Кои се правните акти според кои ќе се суди нивната одговорност и се оценува нивната евентуална вина?

- Дали знаете кои се меѓународните правни механизми на кои Македонија може да се потпре во случај да не постои јасно назначено арбитражно тело со именувани членови за легитимно-правно да се бори за својот суверенитет?

*********

Да се вратам на габите.

Габите се шаренолики и волшебни во приказните.

Вкусни се и прималиви на богата трпеза.

Се прелажале и цареви.

Внимавајте што ќе конзумирате.

Прочитајте се за габите пред некој да ви ги сервира во чинија.

За живот се работи.

Поздрав,
ЈК

6 февруари 2022 - 09:24