Сообраќајни писма на читатели

И јас сум татко на 2 деца, и се плашам да ги пратам преку улица од идиотите шофери, така да не ме обвинувајте дека бранам шофери. Напротив, сакав само малку и по другите. Идиот е идиот, примерен учесник е примерен учесник без оглед од типот на учесникот.

Здраво Трендо,

Морам да ти пишам поттикнат од случкиве на улиците, несреќите на пешаци, велосипедисти, возачи... слободно во recycle bin ако така мислиш.

Мислам дека како општество, нашата сообраќајна култура е отидена во 3 п.м. (не во 3 попладне). Крајно сум револтиран и од народот и сите учесници и од припадниците на МВР кои треба да регулираат сообраќај. Пред сè сочуство за сите настрадани.

Она што ме револтира е што исклучиво вината се бара кај возачите, па така се насловите од типот "Додека автомобили удираат велосипеди ќе нема безбеден сообраќај" и слични. Се сметам за одговорен, претпазлив возач, кој е казнет еднаш во 23 години возачка кариера (и тогаш не по моја вина, фалеше знак). Не е битно...

Сакам да кажам дека не е сè до возачите, ние сме стално на одстрел, поради многу идиоти зад волан, но до останатите учесници, мора да прашам:

До МВР:

  • Зошто МВР ги изгасна семафорите на Рекорд веќе 2-3 недели?
  • Зошто МВР пола Илинденска, Борис Трајковски, опасни улици и раскрсници ги остава на трепкачи?
  • Зошто пред припадници на МВР поминуваат пешаци и велосипедисти на црвено, запирајќи колона, и не се казнува или барем опоменува? Само некој кутар таксист ќе настрада со 300 еур за застанување на автобуска или пешачки.

Луѓе од МВР, дајте малку казни, опомени, контроли, не само кога е кампања, туку постојано. Па не се утре избори па никој да не се казнува. И не се зезајте со семафорите, луѓе гинат. Вие сносите дел од одговорноста!

До пешаците:

  • До кога на црвено, вон пешачки, со мобилни во раце ништо не приметувајќи, дијагонално итн... и да, кога врне, ви се брза да претрчате улица, разбирам, ама и јас ништо не гледам ни на 10-20 км/час, и не сакам некој ненадејно од тротоар да ми претрча пред кола каде не е пешачки.

Посебна приказна се велосипедистите па специјално до нив:

  • Кога мислите да ставите барем мачкини очи, ако не светла... луѓе, ноќе не ве приметуваме, посебно ако врне или не е добро осветлено. Дајте не се зае....те туку обележете се према пропис, стевете мачкино око барем. Не, фраерски било да е само рамка и тркала, без светла, браници, ѕвона, мачкини очи... инаку било сељачки... А бе, мислите малку, ќе загинете! Гарантирам дека 90% точаци немаат мачкино око, ни странично ни од позади.

Посебен поздрав до сите со слушалки во уши кои преминуваат дијагонално на раскрсница на црвено - исти идиоти се како шоферите со мобилки.

И јас сум татко на 2 деца, и се плашам да ги пратам преку улица од идиотите шофери, така да не ме обвинувајте дека бранам шофери. Напротив, сакав само малку и по другите. Идиот е идиот, примерен учесник е примерен учесник без оглед од типот на учесникот. Само што примерните се сè помалку, а идиотите се множат.

Поздрав!
Б.Б.

24 септември 2015 - 08:16