Прво: Да се знае... под итно мора да се легализираат геј-браковите! Тоа што нè има сè помалку, цели региони опустеле, да не ни се виновни гејовите? Длабоко верувам, сигурен сум, дека опустошувањето ни е казна заради примитивниот однос токму кон ваквите заедници. Еднаш штом тоа го озакониме, ќе имаме и наталитет и економија и сè. И ќе живееме „хепили еверафтер", јасно само по себе. Па нели степенот на демократизација и прогресивност во развиениот свет се мери со зачестеноста на геј-парадите? Да или не? Верувам, се согласувате. Замислете колку убаво ќе личи: секој петок околу Александар, на плоштад, шетаат травестити, гејој, гејки, па едно весело... музика... знамиња... РАЈ. А и стрејт ориентираните ќе ги пуштаме на парада... сепак, и тие се луѓе, мора и такви да има. Иако се ограничени, регресивни и ултраконзервативни. Што да им правиш, прости.
Второ: До кога ќе каскаме зад Европа? Не може ли во нешто да сме први? Еве можност: Да се легализира педофилијата! Па тоа си е демократско право, има такви луѓе, сакаат младо пиле (што ќе ти стар петел, кокошка?) + западниве Европејци си одат на Тајланд на секс-туризам со деца, (машки, женски, сеедно...) а само се прават, глумат дека се против... западноевропски баби одат на Барбадос за млади момци, си поминуваат убаво, таа 75-80 тој, или тие два-тројца по 20-25, оригинал комбинација. Тоа не е ни педофилија. Полнолетни се. Значи 50-60 години разлика, не ни прават проблем, а ако некој на 30-35 си најде некоја на 10-15, за само 20 години разлика (еееј, само 20!?) тоа ни е проблем!? Каков проблем? Оној успешен и за пример човек од Формула1, малку повозрасен, на 80 си зеде невеста од 25 и секој му завидува, весниците само за него, а ваму се правиме пуританци...
Европа чека некој да повлече нога. Зошто да не повлечеме нога ние, прашувам, да не бидеме први во нешто!? И онака е прашање на време. Легализацијата на педофилите во Европа е завршена работа, да не оставаме Шведска или Оландија да нè престасаат и ни ја земат славата. Заслужената слава.
Трето: Да се воведе образование за животните! И да им се даде полно право на основно, средно и високо образование. Со нашиве критериуми и нови системи, каков проблем ќе му претставува на паметно куче, мачор, коњ... да заврши факултет? Со шепата или копитцето: А) Б) Ц) Д) одговори, па да видиме може или не може! Мора да се почитуваат правата на животните, мо-ра! Па да видиш после разлика меѓу македонски, и да речеме, француски коњ. Францускиот ќе нема шанси, нема ни прво одделение, а нашиот? Диплома бате, диплома. И нашите учени животни потоа ќе бидат професори на животинските универзитети насекаде низ Европа, и САД.
А од оваа точка, еднаш штом ќе се постигне, први ќе легализираме и бракови со животни. Додуша, и старите Римјани и денешниве Западњаци, не дека не се по животните, ама не се осмелиле тоа да го стават во правни рамки. Пак, и тука ќе сме први, локомотива на демократијата.
Четврто: Да се декриминализираат кривичните дела: инцест, убиство (со и без предумисла), грабеж, канибализам, силување... до кога ќе ги полниме затворите за вакви тривијалности. Во вистинска демократија, секој има право на свој избор. Ако мене некој не ми се допаѓа, и јас го отепам - да лежам затвор? Каква глупост. Па кој му е крив што не ми се допаднал? Ме гледал накриво, а јас да седам мирен? Ужас. Или, од крава, коњ, месо може да се јаде, а човечко? Што е човекот, нешто посебно? Сте виделе крава да јаде човек? Нема дури ни реципроцитет, срамота. Ова се само примери за илустрација, останатото, верувам ви е јасно само по себе...
Петто, и последно (за сега): Да престанат да постојат срамните термини кои ги потенцираат разликите и создаваат омраза: маж, жена, дете, животно, растение. Сите сме СУШТЕСТВА, така и да се нарекуваме. И сите сме исти и еднакви пред законот, законот на демократијата, слободата, слободниот пазар, конкуренцијата... Сите ќе сме суштества, и може да се водиме под број. Суштество 1, 2, 3..... суштество 2343112 и така натаму. До крај. А за ред и регистрација, да си го носиме бројот испечатен на рака, шепа, копито...кој што има. Оти ќе ни затреба. Наскоро.
Тихомир Јанчовски - Лопе
професор, поет и господин човек