1. Департизација на сите универзитети и факултети.
2. Департизација на судии и судови, членови на уставен суд да се бираат сами меѓу себе преку конгрес на судии а не партиски.
3. Лице за кое постои основано сомнение за криминал да не може да се кандидира на избори се додека не се докаже спротивното.
4. Образовниот процес да биде реорганизиран исклучиво од лица кои работат во таа професија.
5. Медиумите да се реструктуираат во истражувачки и освен информативен дел да имаат и дел наменет за обичниот граѓанин (проблеми, сиромаштија, помош за болни)
6. Македонскиот народ е еден и единтсвен и никој никогаш да не се осудува да го подели на две страни.
7. Партија не вработува, вработуват само правно лице без разлика дали е државата или приватно.
8. Лица кои повикуваат на насилство да бидат кривично гонети.
9. Сите лица кои живеаат во Македонија да си го сакаат знамето. јазикот химната и меѓусебната почит како основа за мултикултурна Македонија.
10. Кризите да се решаваат институционално, а меѓународен фактор да се контактира по потреба од совет и пренесување на искуство.
Ќе те замолам да останам анонимен, барем дур не се усвојат.