Писма на упорно нетестирани читатели

До кога ке нè држат затворени и лишени од слобода чекајќи да нè тестираат, ако веќе никој упорно не доаѓа да нè тестира иако ние бараме?

Идеме од Англија, 14 дена седиме, доктор не видовме. Првите 2 дена се пријавивме за тестирање и чекаме да нè тестираат, никој не иде, ни да дојде да нè види, да нè прегледа, да нè праша како сме. Храна катастрофа, вода катастрофа, доктор нема, нè држат 14 дена без тестирање во хотел Стоун бриџ, ...

Се пожалив на дијареа, од промена на вода и храна, без температура и слични др симптоми. Сето тоа помина, бев во болницата 8 септември, докторот пиша дека е многу мала веројатноста за Ковид19.

И да бидам тестиран и јас и мојот цимер.

Еве веќе 10-ти ден никој нè дое да нè види, а не па да нè тестира. Во меѓувреме со барање за тестирање се јавивме во Центарот за јавно здравје, ни побараа податоци, оставивме, и ни рекоа дека ќе дојдат да нè тестираат, меѓутоа, никој не дојде. Се јавивме и во министерството за здравство и плус побаравме од полицијата што нè обезбедуваат да преземат и да информираат за нашето тестирање. Рекоа дека ќе пренесат и не добивме ништо повратно.

На излегување кога требаше да нè пуштат со спремни куфери, човек кој нагласи дека не е доктор рече дека мене и мојот цимер мора да нè задржи. Мојот цимер го праша до кога и одговорот беше додека не ве тестираат. Му укажавме неколку пати баравме да нè тестираат од неколку институции и дека никој не дојде, барајќи од него да реагира тој или да организира да дојдат медицински лица, на што он одговори: „Тоа не е моја работа“.

До кога ке нè држат затворени и лишени од слобода чекајќи да нè тестираат, ако веќе никој упорно не доаѓа да нè тестира иако ние бараме? Венко Филипче, дали некој ќе сноси одговорност за ова или пак ќе биде за сè друго што се случуе во државава.

Има ли некој нормален???

Grumbar Ceco

20 април 2020 - 10:01