Само што започна викендов, во 00ч04м ми снема интернет.
Ај мене што ми снема, туку и мојата компанија која е потписник на договорот со Интернет провајдерот снемува по логика на нештата.
Да биде интересно, мојате компанија дава услуги за дизајн, мултимедија и маркетинг.
На самошто започнат проект. NDA потпишан (прозиводител на екслузивни, дијамантски часовници и накит) договорена е соработка за маркетинг услуги и за изработка на страница за продажба на нивната веб страна со наслов "Black Friday Sale".
Во моментот кога требаше преку PayPal да префлам пари на едeн многу популарен социjален медиум за нивно рекламирање, мене (Кристалко Кирил дооел) ми снемува интеренет и јас не успевам да ја пуштам рекламата.
Страна има, реклама нема.
Најава:
Мене ме тужи компанијата за неизврешни услуги и бараат оштета во висина на нивниот проектиран профит во износ од $16.000.000 (шеснаесет милиони долари). Јас немам ниту $16 па го најмувам НАЈДОБРИОТ адвокат во Македонија и ја тужам мојата Интернет провајдер компанија во ист или повисок износ од бараниот.
Секој долар над 16.000.000 -те, ќе биде доделен во хуманитерни цели.
И тука ќе те замолам да помогнеш:
Ми треба помош да го најдам АДВОКАТОТ.
Во прилог имам prt cs од моментот додека сум на Paypal во друштво со Network troubleshooter.
Кирил Колеќевски
Кристалко Кирил дооел Скопје
ПС. Во еден од 14-те приговори пратени до нив, беше опишана истава, ама истава ситуација и приговорот ми беше одбиен како невалиден.