Здраво Трендо, сакам да напишам, или да напишеш, за kairosplanet.com. Неверојатна пирамида за измама, од 2015, особено развиена во источна Европа, а сега после Балканот и Србија, зафаќа голем замав и во Македонија; ќе му дојде како последното племе што слушнало и највеќе ќе настрада.
Суштината е си одбираш пакет (300, 500, 1500, 2700 евра – ги плаќаш), го пушташ компјутерот да работи 10 часа, и дневно ти се враќаат парите – така да после една година заработуваш 250%.
Сè е во ред, никој не прашува од каде ќе ти исплатат, велат го изнајмувале Вашиот простор на светски фирми за безбедни да им биле податоците. Дури и оваа детално не се испитува, важно на екранот ти стигнува дека секој ден ти се враќаат дел од парите. (Е, дали ќе ги држиш во рака, тоа е друга работа). И предничат кумановчани (најблиску се до Србија, и имаат највеќе пари во кеш да прават бизнис.) Преку 4.000 и уште купуваат пакети, по неколку, повеќе побрзо да се збогатиме, лудило. Фирмата се фали дека исплатила во aвгуст 8 милиони долари (барем тродупло собрала од народот).
Ти објаснуваат набрзина голем бизнис, ништо не работиш, пари ти идат, дури и мене (а се сметам за еден понормален човек кој колку - толку се разбира во компјутери) ме фаќа златна треска. Првите кажуваат дека се збогатиле, средните се трудат да останат на нула со многу маки, тие најновите и најмногуте - е па тие се срамат да кажат дека се излажaни и измамени, или ќе ја баталат целата работа или ќе се трудат да ги вовлечат пријателите, роднините за барем малку да се спасат.
НА ТВ ништо не се кажува, на некој форум ќе се спомне нешто и толку. Државата не превзема ништо да го спаси народот. Ќе има нешто кога веќе ќе биде касно.
Еве некој линк од соседството.
https://mlmprevara.wordpress.com/2016/07/06/da-li-je-kairos-planet-kair…
https://mlmprevara.wordpress.com/2016/09/11/novi-problemi-za-kairos-pla…
Ако треба подетално да се напише, истражи или ќе напишам.
Поздрав, Емил Смилев