Пешачки писма на охриѓанки

Општина центар, Град Скопје, МВР, anybody home? Камерчиња нешо, сообраќајци? Драги возачи, кј учите да возите, на Need for Speed?

Здраво Трендо,

морам да споделам една за мене неверојатна случка која е доказ дека нас никогаш немат да ни дојт паметот за ништо и ќе изгиниме по пешачки, на точаци и сл. Си чекаме така во вторникот сабајле накај 8 сатот едно 10-15 души на пешачки кј Силбо (Апче) на Партизанска уредно и стрпливо да се укључит зелено за пешаци. Се укључвит, тргаме полека, во едната лента застанвит автобус на ЈСП исто така уредно на црвено, за во втората ко на рели да излетат некаков морон во сребрена кола со скопски таблици, најладнокрвно на црвено, со голема брзина и со полн пешачки пешаци!

Среќа тие шо беа најблиску се укопаа во место од шок, па помина без зијан. Да не прам муабет дека од автобусот шанса немат да го видиш дека решил да тргнит on a killing spree рано рано. Ај си викам, жешко е, ненаспани се луѓево, нервозни, со проблеми, ваљда не видел, ќе застанит на семафорите 100 метра потака кај кафе Броз. No sir, иста приказна и таму! Стојме едно 20тина души во тотален шок и неверица. Ми е криво шо не успеав да го сликам па бар да се прошеташе сликата за херојствово по социјални мрежи.

Стварно не ми е јасно шо требит да се десит да се опаметиме. Зар имат уште љуѓе шо не знает каква трагедија се случи таму пролетва, и не само таму? Општина центар, Град Скопје, МВР, anybody home? Камерчиња нешо, сообраќајци? Драги возачи, кј учите да возите, на Need for Speed? Имат некоја организација да се зачлениме ние пешациве ко загрозен вид да добијаме заштита, пошо ловокрадци да не ловеа, олку не ќе гиневме на пешачки? Јас плус и охриѓанка, можда можам да пројдам и ко ендемски вид :)

Поздрав,

Билјана

17 август 2015 - 09:46