Париски писма на читателки

Честитки од мoja страна до целиот концепт Offnet, филозофијата, пишаниот збор, критичкиот дух...

Bonjour Трендо + екипажот Оffnet,

Во врска со текстот за Дуано (Doisneau) од 14ти април, а за фотографијата "Бакнеж", и околу нејзината прикаска, што можеби ја знаете.
Да, Дуано беше паризописец во период од 30тите до 70тите години. Фотографијата "Бакнеж" и не е така спонтана како што се мисли и како што вели тој самиот :"Ниту еден режисер не може да го исценира она, неочекуваното, на кое може да налетате на улица"

Како се дозна дека фотографијата е "местена" ?

Имено, вo 1992, еден пар Дениз и Жан-Луј Лаверњ (Denise et Jean-Louis Lavergne ) 42 години откако е направена оваа фотографија, велат дека се препознале на истата, при што ќе му побараат голема сума пари како оштета и случајот оди на суд.

Од друга страна пак, Франсоаз Борне (Françoise Bornet) актерка, поддржува друга теорија, која ќе зачуди многу дуанови обожаватели, дека всушност таа со својот љубовник биле лично одбрани од страна на Дуано, да позираат на фотографијата.
Парот Лаверњ го губи случајот.

Да бидеме на чисто, фотографијата што цел свет мислеше дека е искрена и спонтана, и чиј судски спор траеше 4 години, всушност е "местена".
Идејата што на многумина им изгледаше непоимлива, ги изненади сите, па дури и самиот "ловец на слики" Дуано.

еве линк на француски :

http://archives.lesoir.be/photo-epilogue-de-la-controverse-autour-d-un-…

Како и да е, сето ова не ги оспорува големината и вредноста на делото на Дуано кој заедно со Бресон, се француските легенди на новинарската фотографија.

Токму во моментов во Париз е во тек голема изложба во "Hôtel de ville" посветена на Дуано, со фотографии од 30 тите до 70 тите години за "les Halles" или некогашниот пазар на големо во Париз, кој постоел сé до 70 тите.
Фотографиите на Дуано од 70тите се во боја.

линк за изложбата :

http://www.jeunes.paris.fr/exposition-doisneau-paris-les-halles-lhotel-…

Честитки од мoja страна до целиот концепт Offnet, филозофијата, пишаниот збор, критичкиот дух...

Да имав facebook, ќе "кликнев" LIKE за статиите за логоата и брендовите.
("Разликата што ја прави едно лого" и "Новото лого на Министерството") like !!!
или севето на ДаВинчи !!! like !!!

Последниве 2 години дишам, еднакво загаден како и скопскиот, париски воздух...
Работам графички дизајн, поточно "packaging". Да се биде добро спакуван, за да се биде купен...

Додека послушно чекам во редица за изложба ( во моментов Tim Burton, потоа Helmut Newton во Grand Palais ...па Matisse во Pompidou, па Modigliani + Soutine... ) и оставам да ме маѓепсува овој шармантен град како во филмот на Вуди, би чкртнала збор-два или шкрапнала понекоја фотографија, местена ил' не, за Offnet "avec plaisir".

Теми : еден скопски vs. еден париски тротоар, фонтана, град, изложба, brand, design, lifestyle, француски мажи, жени и парфеми, на кафе кај луј 14 во версај... & Co. Отприлика нешто во стилот на емили која пишува за италија.

на целиот екипаж Offnet на чело со Трендо
му праќам еден "неместен" бакнеж од Париз,

срдечно,
ивана велковска

 

17 април 2012 - 13:20