За што се работи? Се чини дека живееме во непомирливи светови. Дека е просто неможно да се согласиме за ништо. А не е така. Малку нерви, малку чесност, малку простор да се објасниме и ете сме пак на исти, базични човечки основи. Само за тоа се работи овојпат, за нормалноста.
*****
Здраво Трендо,
Верувам дека сите сме во таков револт да сигурно добиваш по 100 писма на ден...но еве и мојот револт нека стигне до тебе, или ќе заврши објавен или мене ќе ми биде полесно откако ќе си напишам она што ми тежи на душава.
Нашиот гнев по смртта на девојчето од Велес (лесна и земја) е голем и сите чувствуваме болка. Меѓутоа сметам дека многу грешиме како го комуницираме нашиот гнев. Според СДСМ и партиските медиуми доволно е да бараме оставка на Никола Тодоров (сезнајкото) но ве прашувам вас граѓани, после 25 години:
Дали сметате дека ако си замине Никола Тодоров и дојде некој од СДСМ, ВМРО, ДУИ или ДПА дали ќе ни се промени нешто?
Дали сметате дека ќе бидат болниците чисти, дека нема да плаќаме по 3-4 илјади евра за операции и приватни лекувања, дека нема да ни умираат членови на семејства од обични инфекции!
Нема, нели?! Па добро тогаш дајте да бараме она што е неопходно на општествово:
Да бараме подобро здравство?
Да бараме подобра процедура за пациентите како Тамара?
Да бараме поголем буџет за лекување на деца во странство со тешки болести?
Да бараме законот да се промени со затворски казни за претседатели на комисии кои носат лоши одлуки?
Да излеземе на протест против корумпираните доктори, против лошите процедури во кои никој не сноси одговорност кога ќе ни ги убијат децата!
Против министрите кои и како чорапи да ги менуваме да не смеат никогаш да ни кажат дека не е нивна одговорност нечија смрт?
Таков протест за мене е валиден, на таков протест доаѓаме сите - Не сакам да ви одам на протести за СДСМ и ВМРО контрапротести.
Ова треба да ни биде целта драги мои сограѓани, верувајте од ваков протест се плашат сите партии, затоа што тоа е за нас, тоа значи дека бараме државните пари да се употребат за наше добро и развој а не дека бараме нов Министер кој поинаку ќе ги краде нашите пари.
Размислете за што се борите.
Еднаш да се бориме за нас а не за нив?
****************************************************
Сосема те разбирам. И во многу аспекти на она што си го пишала го делам тоа мислење. Само еден детал да прокоментирам.
Да, ничија оставка сама по себе нема да реши проблем. Но, таа може да биде дел од решението. Проблемите не се решаваат одеднаш во сите нивни димензии. Меѓутоа, таа (оставката) може да биде ДЕЛ ОД РЕШЕНИЕТО. Не постои никакво ВОСКРЕСНУВАЊЕ на квалитетот на некој сервис или јавна услуга. Подобрувањето е мозаик од многу делови - законски, регулативни, искуствени, менаџерски, стручни, морални...
Но, како да почне да се пополнува мозаикот ако не со ОДГОВОРНОСТ? Со други зборови, нечија оставка (кога има неспорно неисполнување на обврските), не е доволен но е неопходен чин.
Трендо
**************************************************************
Trendo,
Nekogas zelbata deka znaeme povekje od drugite e pregolema, pa ne se kontrolirame i pisuvame agresivni pisma. Sepak moeto posledno glediste e deka odgovornost vo drzavava ne sme dobile a i uste dolgo vreme nema da dobieme. I SDSM i VMRO imaa obvrska da donesat demokratija pa posle 25 god istata mozeme samo da ja sonuvame.
Narodot ne saka da izleguva na protesti za ili protiv: Gruevski, Todorov ili Zaev. No narodot kje izleze na protest za podobri uslovi vo zdravstvoto i kje bara da se resat vistinskite problemi so koi sekojdnevno se soocuva.
**************************************************************
толку.