Доматот тежи преку еден килограм, одгледан е во околината на Марков манастир, испраќачот сака да остане анонимен но во меилот за најскоро време ни најавува краставица од минимум 55 сантима :)
И ТОА НЕ Е СЕ!
Во меѓувреме стигна фото доказ за она што е досегашен апсолутен рекордер во оваа вонредна олимписка дисциплина. Пред вас е доматната Годзила од населба Ченто, тешка 2,3 килограма, авторско дело на господинот Душан Ѓорѓиевски:
п.с. ја затвораме оваа компетиција. на ред е: гигантски калап сирење.