Talkin' 'bout my generation.
Ако зеемо у обзир дека наште родители не биле први у свето по запишување на факултет после средно, или па дека биле малку излудени од социјалните бенефиции у бившата ни Република, не ме чуде факто шо одбрале полтрони да гу водат државата и да ги редат коцките на пост-независната калдрма. Ако не ми верувате дека генерациите родени 60-70та гу заебале работата на Балкано, гуглајте „Yugoslavian civil war" мислам дека ќе најдете неколку факти шо ќе га подржат моето мислење.
Али ја не се жалам од нив, него ме нервира мојата генерација, „о генерацијо деведесете".
Е мојта генерација, зачната у тие луди времиња на заднита седишта у Рено 4 или Застава 101 Конфорт, веќе неколку години, според законо, има право на глас и има право да членува у политичка партија. Мојте врсници исто така са рекордери у свет по запишување на факултет, пред неколку години имаше прилог на вести кој викаше дека дури 90% од матурантите се запишуват на факултет, замисли 90%, од тиа бар пола да га завршат факултето ниа имамо генерација од која 45% имат факултетски дипломи (мислам дека доаѓа така, од секад сам бил слаб со математиката). Замисли, пола од твојте врсници имат диплома, која генерација е тоа, кд ќе седнете за 10 годишница на матура ќе се надвикувате кој шо попаметно ќе каже, сите конструктивни, со сложени зборови ќе се обраќат еден на друг. Сите со мерцедеси ќе доемо, некој мош и со владино обезбедување.
Пред некое време нели имаше у Македонија проблеми со двоглави крстови и читајќи ги коментарите на мојте врсници по фејсбук заклучи дека са печени да дојдат на прославата со владино обезбедување, али дебатите нема да бидат конструктивни и нема да користемо зборови од по 12 букви. Пошо мојте врсници станале амеби, партиски послушници и паднале на три збора „бог, татковина и нација". Никој за нишо не се боре у живото, најважно им е после факултет да добијат хемороиди од столчето у јавна администрација. Навредуват луѓе само заради тоа шо не са од нивната религиозна или национална припадност, повикуват на линч на цели народи само пошо не са „нивни". Изгледа факултетите шо ги запишаа и професорите кои им предават не завршиле ногу добра работа.
Никој нишо нејќе да подобре, дали никој не сфана дека „нешо смрде у државата Данска" или едноставно се откажаа мислејќи дека тоа не е нивна работа или па едноставно ги боле уринарнио орган, незнам. Али знам дека клнат се там пред личности шо умреле пред илјадници или стотици години, понашат се ко квази комити и војводи. Наместо постери од AC/DC имат постери од „етничка Македонија" или Путин. Размислуват ко дедовци у доцни осумдести. Склони се кон теории на заговор и мислат дека Македонија е најважната стратешка точна на сите светски геополитички игри. Клнат дека Русија и е мајка а она нема појма дека има ќерка. Наместо либерали бе, па да протестирамо фино лепо за Маријана со по една сарма у уста, они мислат дека треба да има смрттна казна. Мислат дека педери треба да се стрелав на улица а дома тинкат на „lesbians".
Затоа у анти-духо на вашио патриотизам (и последното „домашно видео" на Миле Кекин) ја сакам да ве замолам да не ме ставате дека сам ваш, исто така ќе ги замолам и Севернокорејците и Албанците и Србите и Бугарите а и Колумбијците. Пошо не сам ваш, ја сам мој, ја имам свои идеи и мислам дека луѓето треба да се обединуват околу идеи, а не околу националноста или религијата. Дечките кои гу застапуваа мојта идеја тепаа 45та, не беа најбољи, не са ни запишани днска како херои, избришаа ги од историјата наште родители после 90та. Али они се бореа за „Братство и Единство" и лично мислам дека таа идеја е многу подобра одколку вашта идеја за „Чиста Македонија" али ипак на крај краева тоа е „ствар перцепције".
И за крај само ќе ви порачам, не се палете на тиа три збора „бог, татковина и нација" и не мразете некој само пошо корените не му са исти како ваште. Од палењето на такви измислени работи многу луѓе останале без ништо у живото, многу луѓе се раселиле, многу луѓе доживеале прерана смрт само заради тоа шо некој у убаво одело не му се допаднале луѓето различни од нега. Ако не ми верувајте ќе ве замолам гуглајте „Rwandan genocide", „WWII genocide" или пак ќе ви кажам „Yugoslavian civil war". Овоа сакам да га имате на ум, пошо еден ден и виа мош ќе бидете на важни позиции у оваа држава (у пичку матер) и вашио збор ќе може да контролира илјадници луѓе, немојте да бидете горенаведенио тип у одело.
Славете гу мултикултурата, тоа е предност за една земја не недостаток, ако не ми верувате гуглајте „Jews in the Ottoman Empire". Кд се доселиле Евреите во Османлиската Империја, тогашнио султан Бајазит II рекол „Велат дека Фердинанд е мудар крал кој ја осиромашува неговата земја а ја збогатува нашата" мош не бш така, али сигурно нешо у тај стил.
Стефан А.