Вовед
Македонија нема да влезе во ЕУ.
1. ЕУ нема да прими држава членка која нема државотворна монархистичка историја.
Прашања:
-Набројте ги државите од нашето опкружување кои немаат државотворна монархистичка историја?
-Набројте ги државите членки на е ЕУ кои немаат државотворна монархистичка историја?
-Кои од тие држави членки на ЕУ ја поддржуваат Македонија кон нашето членство во ЕУ и зошто?
2. ЕУ нема да прими држава членка која признава и им дава права на малцинските заедници како Македонија!
Прашања:
-Набројте ги државите од нашето опкружување во кои им се даваат права на малцинските заедници како во Македонија?
-Набројте ги државите членки на ЕУ кои им даваат права на малцинските заедници како во Македонија?
- Кои членки на ЕУ ја поддржуваат Македонија кон членство во ЕУ истакнувајќи ги правата на малцинските заедници и зошто?
3. ЕУ нема да прими држава членка во која политичарите на највисоките државни функции се од малцинските заедници.
Прашања:
-Набројте ги државите од нашето опкружување каде политичари од малцинскаата заедница се на највисоките државни функции?
- Набројте ги државите од ЕУ каде политичари од малцинската заедница се на највисоките државни функции?
- Кои членки на ЕУ ја поддржуваат Македонија на патот кон приближување на политичките врски во институциите помеѓу заедниците. Како и зошто?
Прашања за домашна вежба:
1. Која модерна држава, членка на ЕУ не е создадена врз основа на монархистички основи?
2. Која модерна држава членка на ЕУ обезбедува поголеми права на малцинските заедници во споредба со Македонија?
3. Која модерна држава членка на ЕУ ќе ја поддржи Македонија за членство во Европската Унија, ако македонските закони за правата за малцинските заедници се примени во нивната држава?
Со поздравот на мојата учитeлка од основно:
„Ако нешто не е јасно, читај се од почеток“
Поздрав,
ЈК