e-даночни писма на читатели

Како и да е, можеби ова ќе добие (некаков) публицитет па некој од град Скопје ќе побара корекција. А можеби и нема. Јас сакав барем да пробам.

Здраво Трендо,

Штотуку се регистрирав на новиот сајт за е-даноци на град Скопје (стариот решиле да го сменат од некоја причина) и се изненадив од фактот дека истиот никако не е заштитен (енкриптиран). Ама затоа при регистрација има солиден "ферман" кој објаснува како град Скопје се грижи за заштитата на нашите лични податоци. Навистина се изненадив бидејќи HTTPS дури и кај нас е стандард за секоја акција која бара внесување на корисничко име и лозинка. Нејсе, еве и screen-shot: Chrome кажува недвосмислено: Your connection to this site is NOT private.

На сајтот нема никаква информација за архитектот на ова техничко решение... Случајно кликнав на упатството за регистрација - на документот гордо стои името на фирмата која го изработила решението, заедно со неколку screen-shots кои откриваат (во другите таб-ови) малку повеке одошто треба за оној кој го подготвувал упатството :)

Линкот: http://danoci.skopje.gov.mk:8080/gskopje/root/public/login.xhtml 

Како и да е, можеби ова ќе добие (некаков) публицитет па некој од град Скопје ќе побара корекција. А можеби и нема. Јас сакав барем да пробам.

Поздрав

* името не мора да ми го објавувате, ако треба нешто да стои - може во ТЛН фазон:

Сариќ Трајко, месар, анонимен :)

25 декември 2015 - 18:07