Драгорски писма на читатели

Ова го кажвам да се разбериме дека не станва збор за некој несовесен граѓанин кој го истури прашако од машината за перење во реката. Се работи за минимум волумен на хемикалија со големина споредлива со олимписки базен, дали пола или цел то е небитно.

Ми посочија дека ќе биди најдобро тебе да ти ги пратам овие слики. Веќе 5 дена се мислам што да ти пишам, како да ти пишам. Пошто по македонски на писмена стално бев слаб, само технички ќе ти кажам.

Сликите се сликани во сабота на 30-Сеп-2017 во период од 10 минути почнувајќи од 14:05h. кога видов огромна количина сино/зелена флуоресцентна хемикалија во реката Драгор.

Сама по себе реката е и онака полна со ѓубре (покажавме пред некој ден - заб.ур.) исто ко и битолчани, ама во неа имаше риби (кленој).

Првата слика е мапа од Гугл и на неа со бројки е обележано на кои места се направени сликите.

Од најдолното место бр.2 до најгорното бр.6 има 500м должина. Реката е преполна со оваа хемикалија во исто време и течи (значи само јас дур бев таму) 10 минути на само 500м пута то колку вода истече, се гледа дека се работи за стотици тони од таја хемикалија, ако не и илјади.

Ова го кажвам да се разбериме дека не станва збор за некој несовесен граѓанин кој го истури прашако од машината за перење во реката.

Се работи за минимум волумен на хемикалија со големина споредлива со олимписки базен, дали пола или цел то е небитно.

1
1

2
2

3
3

4
4

5
5

6
6

Толкав капацитет за хемикалија ретко кој има на територија на Бт и е чудо со надлежните институции се прат како да незнат ништо. Сигурен сум дека многу надлежни знат точно кој е крив, ама зошто да си ја сработат работата кога можи и на кафе да се оди?

Некои луѓе сметат дека то се хемикалии од Трикотажа Пелистер, која е затворена ама некогаш кампањски има нарачки за алишта. Дека то беше некоја хемикалија за перење на платната и сл. Ова се чисто лаички муабети.

Васко

пс - ако има потреба да се полни буџето по 50че од чоек за фрлен пикавец, овде има шанса да се наполни буџето многу појќе.

тенкјуверимач

10 октомври 2017 - 09:33