Читателски писма со екстензија

Здраво Трендо,
Многу благодарам за линкот до Ловецот на северџанизми. Веднаш го инсталирав и тестирав. Функционира многу добро. Поздрав до тебе што го објави и до тие кои го осмислиле, направиле и ни овозможиле да го користиме бесплатно.
Александар Хаџиев

Линк до екстензијата - овде

Overview

Автоматско ловење и бришење северџанизми при преглед на веб страници.

Овој додаток за Google Chrome е наменет за сите кои сакаат да им биде воочена тивката но константна употреба на разни серверџанизми на интернет. „Само Македонија“ работи автоматски со отворање на било која домашна или странска веб страница. Имате избор северџанизмите да се маркираат со прешкртување или комплетно да се бришат од приказот. Полесно се менува устав (во квази-демократии) отколку што се менуваат навиките на луѓето. Се надеваме дека оваа мала алатка ќе придонесе за градење свест за она што се прави во одредени дигитални медиуми. Во блиска иднина додатокот ќе има можност за учество и преглед во општи интересни статистики поврзани со темата. Доколку ви се допаѓа се надеваме дека ќе го споделите со вашите блиски.

19 ноември 2019 - 13:18