Вода бе батка и нормално ко роден експерт за водни ресурси се си знам унапред и историски гледано наназад секако. Одма у глава си ја скоцкуем приказната, крив (со правосилна пресуда, фала богу) - Водовод и канализација!
Зашто бе да тече вода покрај патот, не ги бива, тоа све партиски, неписмени, не знаат ни лап топот од кај се отвара а не како се уклучува. Пуштаат бе да тече и си делат вишоци, К-15, нè крадат у сметки... И не важат аргументи од типот потоци, река, го заборавил цревото овој шо ја перел колата итн и итд. Си знам јас и точка бе!
Многу слична аналогија на писмото од другар му на Ајнштајн и Тесла заедно. Сè што свети крива ЕВН и точка! Инаку, за воља на вистината (ако на некој баш и му чуе за неа), одржувањето, палењето и гасењето на осветлувањето на сите автопатишта е во надлежност на Македонија Пат. Уличното осветлување (менување сијалици, менување бандери, палење и гасење) го одржува општината каде се наоѓа улицата. Не е којзнае колку тешко да се разбере ама како за кого. Битно е собери колку шо можеш повеќе плунка и гнев во себеси и плукај бе батка. Ем ке ти биде полесно ем ќе видат дека си експерт. За с(Ф)е и свашта.
Поздрав од Егеецот
PS. И јас приметив дека за Бајрам на минарето у комшии светат сијалиците по 3 дена без прекин. И на оние у ЕВН не им чуе ама ич! А може и за Велигден ќе е слична ситуација... и после они мене оп, онолкава сметка за струја. Џубриња бе :)