Центарски писма на читателки

Не постои само една историја за Македонија - античката. Пардон, али за Скопје постои и периодот после земјотресот кога започнува модернизирањето на градот до светски рамки. Нешто за што светот зборувал со воодушевување во тоа време и изглед кој го копирал, а не се исмејувал, како што денес тоа го прави The Guardian, Spiegel и Huffington post.

Го усравте ГТЦ во моментот кога вмешавте политика во одлучувањето за неговиот изглед. Го усравте едните за да го досерат другите. ГТЦ е граден од група архитекти, група професионалци и Ваши предци и тоа не можете да го порекнете. Граден е во време кога не постоеле овие Ваши денешни игротеки кои си ги нарекувате политички партии. Вие сте бебенца политичари за мене. И сè додека правите циркуз, нема да ќутам. Сè додека се неосновани Вашите "идеи" и дела, нема да ќутам. И сè додека е лично, нема да ме запрете.

Не постои само една историја за Македонија - античката. Пардон, али за Скопје постои и периодот после земјотресот кога започнува модернизирањето на градот до светски рамки. Нешто за што светот зборувал со воодушевување во тоа време и изглед кој го копирал, а не се исмејувал, како што денес тоа го прави The Guardian, Spiegel и Huffington post.

Па добро бе Вие политичарчиња што сте од Скопје, па нели Ви буди спомени ГТЦ како мали кога сте шетале со Вашите родители, баби и дедовци? Првиот сладолед со баба и дедо во Египет, прв поклон од тука, првата прошетка... Нема ли да Ви фалат тие спомени?!

Има ли сè уште некое место во Скопје кое Ви буди спомени од периодот кога сте биле деца?! Па ако Вас тие работи не ви се битни, Вие сте малцинство.

И да не заборавам,

Центарци, Ви честитам! Станавте најголемото село. Го изгубивте Работнички, а сега и ГТЦ.

Благодарам однапред off.net,
Ива

28 април 2015 - 12:50