Здраво на сите,
Ете вака во касети се „одлага“ радиоактивната прашина од РЕК Битола.
Покрај тоа што ова го дишеме, сè околу и под овој облак се земјоделски насади, од кој што јадеме марулки, крставици, домати, компири, пиперки и сл. Па нека се чудат после зошто онкологија во Битола преку ден е како Расчекор навечер во сабота.
За референца, ова е сликано од под село Ниже Поле на Пелистер.
Облакот кој го гледате се наоѓа на приближно 22км од местото на сликање!!
Според моја проценка облакот е помеѓу 3-5 км во радиус и околу 1км висок.
Браво за Библиските Македонци, да живее Библиска Македонија! Мore or less...
Драган