1. За вкупната широчина на тротоарот сме биле прашани и сме рекле „ок, ни одговара". Да, при донесување на деталните урбанистички планови се дефинираат и профили на улици (широчини на тротоари, велосипедски патеки, коловоз, зелен појас и др.), а не само парцели и маркици.
- Дали е доцна да се жалиме дека се тесни? – Да.
2. За позицијата на бандерите никој не нѐ прашува. Никогаш. Ги гледаме кога ќе ги постават. Епа сега ги поставија на Трета Македонска Бригада и тоа по целата должина од една страна. Точно среде тротоар. Да не должам, еве линк од еден „Прирачник за прирачник за обезбедување непречен пристап до отворените простории и до објекти" издаден од Полио Плус. Да, замислете и „тие" треба да се движат по овие тротоари.
- Дали е доцна да се жалиме за позицијата? – НЕ! Булеварот е во тек на градба. Па аман, имате зелен појас од 2км помеѓу двата коловоза по цела должина на булеварот, натакнете ги таму, ќе ни заштедите и на бандери. Дупло!
п.с. Забелешка за позицијата на бандерите е испратена и до Град Скопје (како Инвеститор) во форма на порака на нивната официјална Facebook страна. Логично е да се примаат забелешки и тој начин, штом оставиле можност да им пишеш. Во очекување сум на „дојдете во понеделник или четврток, пополнете формулар... бла бла..." или не дај боже „проодете".
Марко