Отворени образовни ресурси во Македонија

Во земјата е оформена „Алијансата за отворени образовни ресурси", која е самоиницијативна заедница на повеќе поединци, активисти, институции и организации со цел унапредување на достапноста на образовните материјали и подобрување на условите за едукација.

 


Вo текот на ноември 2013 Алијансата ја објави Декларација за отворени образовни ресурси на Македонија, со која мобилизира широка поддршка за подобрување на отвореното образование.


Отворените образовни ресурси (ООР) се дигитализирани материјали кои се понудени за слободна употреба од страна на образовниот кадар, студентите и самоуките поединци или групи, за настава, учење и истражувања.

Декларацијата за ООР на Македонија се заснова на Декларацијата за отворени образовни ресурси на УНЕСКО донесена во Париз, 2012 година.

По објавувањето на Декларацијата за отворени образовни ресурси, Алијансата за отворени образовни ресурси ја промовира веб-апликацијата за потпишување на Декларацијата за отворени образовни ресурси која овозможува сите заинтересирани да ја изразат својата поддршка преку електронско потпишување.


Веб-апликацијата е првата алатка на Алијансата за ООР за мобилизација на широка поддршка за подобрување на отвореното образование во Македонија. Прифаќањето на Декларацијата претставува чекор напред кон унапредување и промовирање на концептот за отворено образование со цел подигање на квалитетот на целиот образовен систем.

Во првите 10тина дена од објавувањето на веб-апликацијата, Декларацијата ја поддржаа над 130 индивидуи и 10 организации. Веб-апликацијата е дел од веб-сајтот www.oer.mk кој претставува своевиден ресурсен центар за отворени образовни ресурси.


Целта на Алијансата е да создаде средина за прифаќање на Декларацијата за ООР во Република Македонија, со што ќе се овозможи унапредување на концептот за отворено образование со цел подигање на квалитетот на целиот образовен систем.


Алијансата за отворени образовни ресурси е отворена група на поединци, организации, институции кои функционираат како неформална мрежа со заедничка цел – подигање на свеста и капацитетот на академската и научната јавност за создавање и користење на отворени образовни ресурси во Република Македонија.


Можете и вие да се приклучите кон оваа иницијатива со пријава на следниот линк:

 

http://oer.mk/sign/index.php/pages/signup/

26 декември 2013 - 17:19