Кец у два

Одбојкарски махер на колото

Додека синоќа сте се нервирале што Борусија - Барса заврши компир, Челси дома ја оплеска и Ливерпул не ја даде ГГ3+, го имаме обложувачот на денот. Можеби не му е многу полн џебот, колку срцето и ќеифот.

Махер на колото кој им влезе дрско со 3+ второ

Колку треба да си оптимист дека фудбалски земји како Албанија, Молдавија, Луксембург и Црна Гора може да ти ги даде 3+ второ. Абе понекогаш е тешко 3+ цела да погоди човек, а не па само во второ и тоа на квалификациски. Плус противнициве не им се велесили. Браво Дуле, комарџија добро познат на редакцијата.

Малер на колото за кој како да ви кажеме

Немаме тука тикет со спектакуларна добивка, ама имаме малерај до сега невиден во Офсајд. Обрнете внимание на последната утакмица. Играл во живо еден, значи САМО еден гол да падне у прво и паѓаат 10, сите во второ полувреме. Неверојатно.

За малце махер, бидна малер па махер

Имаме писмо на читателот Мирослав кој ден после корекцијата на Евровизија со гласовите од Белорусија сфаќа дека се офајдил. Правдата е задоволена и за Тамара и за Мирослав.

Махериште на колото во ЛШ за 52.650 евра

Македонец од Австрија ни праќа ваков тикет: Ливерпул – Барселона точен резултат 4:0 и Ајакс – Тотенхем кец у два. Влог 10 евра – добивка 17.550 евра со тоа што три пати го уплатил тикетот. Океј?

Малер на колото за 450.000 денари

Гаѓа 24 утакмици и го заебува само Блекбурн - Стоук 2+. Во 14-ма минута резултат е 0:1, на крај на прво Бојан Кркиќ промашува пенал и не паѓа втор гол.. Па да не се немало милост мајко му стара.

Пред мене најдовте да пљачкате кладилница?

Стариот има 83 години, секој викенд пишува тикет, ама редот, мирот и ритуалот му го рушат тројца бандити кои се обидуваат да станат махери на колото без да уплатат. Како дошле, така ошле без денар. Со мала помош на вработениот ги соборува и ги брка од кладилница. Херој. Другите кидавела. Дајте му ваучер.

Махер на колото кој и двете ги сони 0:0

Оваа рубрика обично оди во понеделник и петок, ама оди стрпи се да те видам до петок. Сите се чудевме на синоќешните резултати од ЛШ, освен Бранислав и Бобан. Па добро бе како успеавте вака да ги трефнете?

Во името на Отецот, синот, светиот дух и прво јаче од второ

Кога веќе нејќе ГГ, ГГ3+, гол у прво, два у второ, ГГ1 или ГГ2, да пробаме вака. Освети ја Боже кладилницата и моли се за поголеми квоти, може ќе почне да дава.

На што сè се кладат луѓето

Казино во Лас Вегас. Трка со коњи (на божемски). Толку имаме да кажеме. И да, се кладат, преку такво веќе од тоа да ја чекаш ГГ3+, а 3:0 да ти заврши.