Кец у два

Махер на годината на кој му следува телевизор во боја

Што се смеете? Ај да ве видам да ги промашите сите на тикет. Пардон на четири тикети и тоа во еден ден.

Махер на колото кој на исплата стана малер

Чудни тикети ни стигнуваат во последно време во сандаче. Прошлиот месец еден ни се пофали дека фатил кец со коефициент 122, а па за овој се пишмани кладилницата на исплата. Прво за погодениот сингл му даваат коефициент 2.40, а потоа 1.

Малер на колото од затвор

Пишавме за најубавиот гол минатиот викенд кој го даде фудбалер на француски Лориен за конечни 1-1 на гостувањето кај Нант. Е тој гол во 88' минута од мечот спасил еден дечко од неприлики.

Махер на колото со кец у два и два у кец

Вие пак играјте Лига на шампиони.

Драчево брои добивка од 850.000 денари

„Ова му е седмо ливче што вака фаќа, од Драчево е, Пепи се вика“, стои во нашето сандаче.

Махер на колото кој се наслади и со пари и торта

Шаренолика збирштина од пет махерски и два малерски тикети. Првиот се пофали со торта и 458.000 денари, вториот е бог да чува. Зошто? Па три точни резултати фатил, како тоа?

Стружанец погоди точен резултат 2:5, коефициент 125

Puszcza Niepołomice vs Arka Gdynia. Ова не се чита, не па да се погоди, а се работи за меч од полски Куп на две екипи од втора лига. Не е лошо да се појде до Струга за да го запознаеме царов и да видиме што е муабетов со синглов. Или доволно е следниот пат да ни пише, ама пред да уплати.

Махериште на колото кој ќе ви покаже како се игра сингл

Одбира само една утакмица од ЛШ, инаку тешка за играње и ја гаѓа два пати. Прво дека ќе биде нерешено на полувреме и двојка на крај со опсег од 0 до 2 гола, а потоа се истакнува и со уште една мајсторија, дека првиот гол ќе падне во последните 10 минути. Краљ.

Махер на колото кој за кец доби коефициент 122

Сите ние што уплаќаме постојано грешиме и правиме утки во прогнозата. На толку голема понуда со типови и коефициенти еднаш да згрешат и тие што го прават билтенот.

Со еден удар два милиона во Спорт Лајф

Играч на “Sport Life” во Петровец – Скопје стана ДВОЕН милионер! Со еден феноменален тикет одигран два пати успеал и на двата тикета да се стекне со по еден милион денари. Е тоа се вика мајсторија, еве како…

Махериште на колото за 580.000 денари

Три нули е човек тешко да погоди, а не па вака дека ќе води некој на полувреме. Скоро 10 бона со 100че, секоја чест мајсторе.

Махериште на сезоната од Гостивар фати 100.000 евра

Одиграл 31 натпревар и ги уплатил два пати, за 230 и за 50 денари, а вкупен коефициент му е 25.614. Исплата 6 милиони денари. П-о-п-а-р-а.

Велемајстор на колото со четири точни резултати

Да фатиш три ВАКВИ утакмици од ФА Куп со ТОЧЕН РЕЗУЛТАТ, па уште и Леванте треба да си мрднат. Инаку Барнсли го даде голот за 2:0 во 95-та минута од пенал. Гаси нетот од штекер.

Махериште на колото за 1,2 милиони денари

Е ова е махер. Кога со 50 денари ќе фатиш 20 утакмици и ќе ги заколиш 20.000 евра. 3+ ставил четири пара, а другите му се фиксови. Браво друже.

Махериште на колото за 4.000 евра

Поголемиот дел од овие парови ние не знаеме во билтен да ги најдеме, а царов ги врзал 16 такви и со 30 денари ги одрал предпразнично. Како беше тоа, за добра свиња нема лоша помија.

Циркузантски тикет на колото

Царот наредил 50 комада и бркал максимални 140.000 евра. Немаме намера да го проверуваме дали е добитен, бидејќи едвај ги изброивме паровите, тоест сигурно не е бидејќи Рома 3+ ја играл. Него друга е поентата, а се состои во оваа неверојатна игра на зборови која произлегува од првите букви на секоја екипа.

Малериште на колото за 1,7 милиони денари

Лацио ја совлада Борусија Дортмунд дома со 3:1, резултат кој малеров го очекувал и на реваншот во ЛШ, со тоа што сега Германците да тепаат како домаќини. Повторувањето на едни исти утамици на повеќе тикети знае да донесе многу пари, ама и да те остави без спање.

Грми Скопје - сирени, бакљи и големо славје

Како увертира за она што ги чека хероите кога ќе слетаат во главниот град, илјадници граѓани излегоа на улиците ширум земјата да го прослават историскиот подвиг на фудбалската репрезентација.

Малер на колото кој парите треба да ги бара кај голманот на Струга

Ај овие фаворитиве што ги фатил ок, ама Македонија да ја погодиш X-2 во ракомет и потоа да ја видиш таа нестварна пацерска сцена во која голманот на Струга ја прима кроз нозе во 96-та и те остава без добивка?

Комарџија на денот

А да ви праќаат два пати во неделата по три дојави ако имаат?