Кец у два

Баскет за најдобриот Типстер во март

Одиме со три подароци во новата месечна битка која веќе почна да се води на Типстер.

Десет махери на колото и еден малер

Како никогаш до сега сандачето после ова коло ни беше полно со махери на колото. Освен Кичевчанката, тикет со истите два точни резултати од ЛШ бил уплатен и во Германија, а во вторникот дури четворица махеришта ги погодиле Реал и Баерн кец у два, да се чуди човек. Првиот од нив на шега ни пиша дека на сон му се јавил Мино Рајола.

Девојка од Кичево ги погоди Барса и Дортмунд точен резултат

Стручњаци, експерти, аналитичари, статистики, зналци, сè паѓа во вода откако синоќа девојка од Кичево одиграла тикет на чиста интуиција. Во 95. минута од мечот Барса на најубав можен начин ѝ го честиташе 8 Март.

Сане му должи 34.200 евра на малерот на сезоната

Обложувач во Дизелдорф синоќа уплатил тикет со два точни резултати: Баер Леверкузен - Атлетико Мадрид 2:4 и Манчестер Сити - Монако 4:3, но во 82 минута Сане на Етихад ги постави конечните 5:3, а малериштево само тој си знае како му било.

Најлудиот сингл уплатен на дербито во Италија

За ваков тикет човек или треба да има многу пари на кои не знае што да им прави или да е богат коцкар во душа на кој веќе му се здосадило да оди во казино, па свртел на фудбал. А можеби се работи за нешто трето.

Февруарски Типстер со капче, USB и пиво

Во тек е битката за вториот месец во годината на Типстер со стандардно три подароци за најдобрите тројца.

Овој ги типува на среќа или ги сонува?

Не знаеме дали кај нас имаше синоќа ваков махер, до сега не добивме некој ваков тикет, ама кај Србите се најде еден. Арсенал се бори за титула и губи дома од Ватфорд, а тој ја фаќа двојка. Ленс од втора лига Франција губи во Куп од четвртолигаш, ја фаќа и таа. Третата му јаде во 87-ма со нерегуларен гол на Барнли. Добивката му е околу 1.200 евра со три меча. Да фатиш на спортска треба среќа или знаење? М?

Никола од Битола ќе носи долни тренерки, а Васе од Радовиш ќе пие пиво

Заврши јануарската битка на Типстер. Имаме три нови имиња кои ќе добијат подароци за сработеното.

Тренерки за најдобриот Типстер во јануари

Јануарската битка на Типстер е при крај и се поизвесно е дека прв ќе остане Никола кој ги погоди поразите на Манчестер Сити и Јувентус од Евертон и Фиорентина.