Зезалици

Упатство што е доволно задоцнето за да биде нерелевантно

Доцнењето е што Велигден пројде, а упатството е како да направиш тврдо варени јајца, а да не бидат како глина со вкус на сулфур. Од друга страна, тоа што заврши Велигден не значи дека во идните година дена нема да свариш јајца. Внимателно оди чекор по чекор, целата работа има многу логика и многу хемија.

Топла вода 2.0

Некои работи нема потреба да бидат подобрени, не за друго туку затоа што мислиш дека и онака веќе добро функционираат. За цела среќа има луѓе што не мислат како тебе.

Версај за хаусмајстори

Роберт Полидори е канадски фотограф кој во 80-те ги добива клучевите од Версај. Ама не од овој денешниов исполиран Версај, туку од палатата во периодот додека уште трае нејзината реставрација. Дали е замок или гарсоњера, правилата за реновирање се исти: тргни сè на страна и прежали го патосот.

Кој е глуп а кој само знае што сака?

Во македонските преданија Насрадин Оџа се појавува главно како контратежа на Итар Пејо, како лик кој треба да го зголеми контрастот и да ја прикаже домашната итроштина како супериорна. А Насрадин не бил воопшто глуп, само некогаш му било паметно да се прави таков, колку луѓето да поверуваат дека други се поглупи од него.

Ќеркичката низ епохите

Аплаузите одат за совршениот модел, 5 годишната Атина и нејзиниот татко Бил Гекас кои со многу суптилност и смисла за детали успеваат низ фографија да пренесат нешто што го имаа старите мајстори како Рембрант.

Нобел има проблем со чекањето

Ако си врвен светски научник на тема физика, хемија или медицина, и ако откриеш нешто спектакуларно во твојата област, тогаш слободно можеш да очекуваш да добиеш Нобелова награда за нешто повеќе од 20 години.

Неколку Русинки што читаат вести

Конкретнава берба е од два канала на ВГТРК ( Всероссийская государственная телевизионная и радиовещательная компания) - Россия-2 и Россия-24. Сè ова се презентерки на вести. Да не си пипнал даљинското.

Дом за 6.000 евра

Најдете парче земја, двајца мајстори ѕидари и добивате уникатно симпатичен дом. Клуч на рака за само 6.500 евра. Четири илјади и нешто за целата карабина и остатокот за подови, врати, прозорци. А изгледа бонбона.

Како функционира електронска цигара

Се појавуваат 2007-ма и никој не им верува, денес станаа бизнис од 1 милијарда долари годишно (оваа бројка е само за продажбата во САД). Уште никому не му е јасно како да ги регулира и класификува, ама за сега добро одат секаде каде што се забранети акустичните цигари.

Ања Нидрингхаус (1965-та Германија - 2014-та Авганистан)

Ања почнува со фотографирање на 16 години, во 2002-ра почнува да работи како фоторепортер за АП, а во 2005-та добива Пулицерова награда за своите фотографии. Таа беше убиена минатата недела во Авганистан додека ги покриваше претседателските избори во земјата. Ова се некои од нејзините фотографии.

Детство во шок

Фотографија од девојче кое се уште е во шок по бомбардирањето од страна на сириската влада.

Пред да ги снема

Во 2009-та година, фотографот Џими Нелсон си дава задача да документира што е можно повеќе луѓе од изолирани племиња, да ја овековечи нивната убавина, обичаи и култура, пред да ги снема. Минува по две недели во 35 племиња од сите страни на светот.

Бушово масло на платно

Толку ни беше омилен лик што на претходниот сајт му имавме посветено цела рубрика. Овојпат само за неговата пасија по повлекувањето од политичката сцена, сликањето. Да собираше во наслов, ќе пишевме: Сликите на Форест Гамп, formerly known as претседал на САД, Џорџ Буш.

Како да го направите вашиот извештај помалку ужасен

Конкретно збориме за делот од извештајот со Ексел табели. Јасно е дека никој од прва не им обрнува внимание и таму се колку да му покажеш на проект лидерот, претпоставениот, шефот, директорот и тој од HR што ти мери продуктивност, дека си се потрудил околу извештајот, ама тоа не значи дека треба да бидат нечовечки грди и неразбирливи.

84 дена зјапање

Ова е колкав дел од животот имаме потрошено гледајќи ТВ серии и шоуа, и тоа ова бројка е без Митбастерс, Сипмсонови, Саут Парк, Џон Стујарт, Колбер, најразлично ЦСИ, се од Дискавери, Нешнл Џиографик и 24 Кичен. Ај сега ти да се провериш до каде си.

Кругот на еднаквоста

Централниот концепт на Отоманската политичка теорија се нарекува Кругот на еднаквоста. Тој се базира на 8 ставки, кои се последователни и зависни една од друга. Историски целата идеја потекнува од Аристотел, а со тек на време отоманските мислители ја превземаат и ја адаптираат за својата империја.

Што се правеше за 1-ви април

"Бесплатна реклама" + "виралност" се едни од омилените зборови на корпорациите и нивните оддели за маркетинг. Најдобар ден за да ја постигнеш магичната комбинација е 1-ви април. Еве што понудија брендовите за денот.

Како денес изгледа тапетот на XP

Дечко оди да ја види својата девојка во Калифорнија. Јануари е, време на врнежи. Само што поминува едно невреме, небото се отвора, остануваат пар млечно бели облаци колку за контраст а зеленилото на 100-ка, како што е вообичаено за Калифорнија во тој период. Застанува и фаќа пар кадри, еден од нив станува иконична фотографија користена како декстоп позадина на еден од најпопуларните верзии на Виндоус. Ама, тоа е 1996-та година. Денес е многу поинаку. 

Дигитрон за "времето е пари"

Ќе треба да одвоите 10-тина минути за прецизно да одговорите на прашалникот ама вреди (или барем ќе дознаете дали вредело). На крајот добивате одлични информации за тоа колку пари чини вашето време. Не само врз основа на едноставно споредување на вашите приходи туку одговори и на следниве секојдневни ситуации:

Писмо за раскинување со Фејсбук

Драг Фејсбук,

Тука е Eat24. Гледај, треба да збориме. Ова не е лесно бидејќи заедно сме веќе долго време, ама треба да раскинеме. Би сакале да кажеме "не е до тебе, до нас е," ама овој пат тотално e до тебе. Не сакаме да бидеме груби, ама ти веќе не си паметната и интересна социјална мрежа во која се заљубивме пред неколку години. Се имаш променето. И тоа многу.

Европа на предрасуди

Ова што е обединетавa и ние останатите, по кои се' основи е поделена (Луѓе што работат 21 ден годишно vs. Луѓе што живеат 21 ден годишно). За нас е лесно, ние секогаш завршуваме во ист кош со комшиите.

Поп-култура на фотореализам

Насловот звучи како настан што ви го зборат другари кои не ги слушате кога ви зборуваат за настани, а во основа е галерија е одлично нацртани телевизиски / филмски ликови во Фотошоп.