Зезалици

Така говореше Хантер Томпсон

Малку ни е незгодно да промовираме животни мудрости од некој кој самиот си го одзел животот, додуша на 67 години - доволно време да знае што зборува, иако не секогаш и што прави. Можеби звучи чудно, но гласот на Томпсон е глас на американски моралист, кој често се прави грд и глуп за да ја исмее глупоста и грдоста на светот околу себе. 7 цитати од него кои можеби ќе ви го сменат погледот на реалноста.

Тато бе, океј е

Нема нешто што може да те утеши после пораз. Ама тоа е само затоа што меѓу тоа нешто, не си ја предвидел ќерка ти.

Мали места за големи ќеифи

Триесет преубави мали и живописни места за живеење расфрлани по светов. Спојлер: ја нема Каменица.

Совети од луѓе со стаж за давање совети

Луѓе на возраст над 60 години споделуваат дел од работите што имаат да им ги кажат на дупло помлади од нив. Што се однесува до нив ако сакате слушајте ги, ако не ним исто им се фаќа.

Најнеселфи на денот

Фотографија од оние времиња година кога немало логика секој поединечно да се слика. А уште помалку да имате стап за селфи.

Поезија за озбилно

Бидејќи одамна нè гризе совест зашто ретко објавуваме поезија на ова место, одиме веднаш со двојна доза. Поетот Слободан Стевановиќ ги рецитира своите песни "Проститутка" и "Наркоманка". Освен морничавата сериозност со која поетот ги кажува своите стихови (не е тоа необично за тој ков луѓе; сте виделе ли како изгледа промоција на македонска поезија?) навистина не би знаеле што посебно да издвоиме. Освен можеби дека прво ќе ја слушнете "Проститутка" а потоа и "Наркоманка".  

Провери се колку си без слух

Кога на тест ќе завршиш во најдолната можна група, ќе сакаш и другите да го пробаат чисто да видиш дали може да си ја смириш совеста со колективна неспособност или навистина немаш слух. Треба да ислушаш два аудио примерока и да оцениш дали се идентични или не, и така 30-на пати.

Во одбрана на стапот за селфи

Како и за други работи, важно е како се користи.

Мажите се црепови

На женски семинар ги прашале кога последен пат им рекле на своите мажи дека ги сакаат. Некоја вчера, некоја пред 10 дена, некоја не памти. После им рекле секоја да прати СМС до својот и да му каже дека го сака. Што добиле како одговор?

Куче за одбрана

Еден гиф во кој зјапаме од прееска и уште не ни се верува каков потег извади дамата!

Во чест на зрелите жени

Неколку причини зошто една задоволна, искусна и генерално сјајна милферица е подобра од младо, згодно и генерално напорно крцкалче.

Ајде да спиеме

На човек му требаат во просек 14 минути за да заспие. Добар сон е составен од 5 до 6 комплетни циклуси. Проблемот е што овие циклуси не се рамномерни и не се најлесни за пресметување. Затоа еве ви алатка што ви пресметува по две основи: кога треба да легнете за да станете во одредено време, или во колку треба да станете ако легнете сега.

Краток Фејсбук хорор

"Земи го лижавчево" е Фејсбук апликација чија намера е да алармира околу опасноста од премногу информации на интернет. На страна намерата, изведбата е морничаво непријатна.

Келнер да ви каже неколку работи

По неколку години работење како келнер во кафулиња, дискотеки и ресторани, да ви кажам неколку ситници заради кои испаѓате многу глупи:

Личната мапа на Лондон

Мапа на Лондон за чија изработка биле потребни десет години. И е толку преполна со емоции и симболи што би можела уште толку години да се разгледува.

Сирија, стрипувана

Сè што би требало да знаете за причините за трагедијата на Сирија. А не е за нафта или за религија, туку за она во кое сите по малку учествуваме.

Време е за Дис

Својата мудрост ја расфрлавме на избори, Својата храброст на измами и бедотии, На иднината ѝ ги затрувме сите извори, А поразите ги прогласивме за победи.