Зезалици

Од вас поштените.....

Порно индустријата ги има своите AVN PORN AWARDS. Кремот на социјалниот живот и глобална влијателност ја има својата МЕТ GALA вечера. Поглед набрзинка:

Погледнете си го телото

Бескорисен ама интересен визуелизатор на вашето тело. Подесувате неколку параметри и гледате како изгледате и како би изгледале кога би вежбале (толку и толку саати неделно).

Грдите куќи на Белгија

Ханс Куденис е 33 годишен "диџитал криејтив" (што и да значи тоа) чие хоби е да ги руга грдите куќи во Белгија на своите ИНстаграм и Тумблр профили. Сега има и книга на таа тема, со слоган "Don't try this at home". 

Ругање низ историјата

Има два начина да не ти се допаѓа поезија, едниот е да не ти се допаѓа, другиот е да го читаш Поуп - Оскар Вајлд за Александар Поуп.

Градови без своите симболи

Можете ли да го замислите Скопје без својата прочуена Триумфална капија? Можете ли да замислите како би изгледало кога на плоштад би можеле да гледате само небо наместо изгланцаните јајца на коњот под воин? Врло радо, јелда? Но, некои други градови имаат среќа што обратно би личеле баш штуро (бонус: го додадовме и Скопје без Аце и Самоил).

Доволен 1

Пред кратко време добив порака од личност која не ја познавам и која во неколку љубезни зборови ми кажа дека е професорка по математика во мојата гимназија, дека организираат 50 годишнина и дека би ги израдувало ако напишам неколку редови кои би им биле прочитани на сегашните ученици за време на прославата. Било што, вика таа, на пример, околу моите учества на натпревари. Го сторив тоа со задоволство, околу 200 збора оти такви прилики не се за предолги приказни (добро го знам тоа бидејќи и мене ми читаа секакви глупости додека со поглед ја барав Радица по салата). Со нешто повеќе детали, ќе ви ја раскажам приказната чија кратка верзија им ја пратив таму.

Дигитално уличарење

iHeart е британски уличен уметник кој покажува како изгледа реалноста откако социјалните медиуми ги преземаа нашите животи во кои идентитетот е сведен на хаштаг а човекот на бројот на лајкови и добиени коментари.

#НаПолуТочак

Од точак имаш педали, ланец, кочници, волан и три тркала. Немаш седиште, веројатно и контра немаш. Дело е на двајца Бугари, Мартин Ангелов и Михаил Кленов, и до сега на Кикстартер има собрано 112.000 долари, од бараните 50.000. Изледа одлично.

Дилберт и шефот

Во стрипот шефот на Дилберт е од најлошиот можен тип - шеф од "мидл-менаџмент." Позиција што во основа значи дека е ист како тебе ама мора да се однесува како да не е. Плус неговите шефови баш и не го перципираат како шеф.

Јадење што никогаш не завршува

Во форма на гифови, ама од луксузните како синемаграфи. Дело се на Даша и Олја, и имаат крајно едноставен процес - едниот подготвува јадење, другиот го снима.

Песно мојa, прејди на друг

Добро е ова за разбибрига! Една голема (ама огромна!) листа на песни кои се ете украдени од друго место. За некои песни не контаме баш, други имаат џапнато по некоја фраза а трети се апла здиплени.

Десет особини на балканскиот менталитет

Некогашен српски новинар а денес светски гуру за дигитални стратегии и директор во европската централа на Гугл, на конференција во Белград ги опиша главните столбови на балканскиот менталитет. Многу прецизни поенти!

Ламборџини со комбинирана вредност

Сите досегашни модели на Ламобирџини, скоцкани во еден гиф. Од првиот 350GT изваден во 1964-та за да се лапне дел од колачот на Ферари па до последниот модел Ураган кој чини нешто повеќе од 200.000 долари.

Каде е, што прави Герасим?

Прашање:
Герасиме ... би ти бил благодарен ако го преведеш ова: Свекрвата и золва ми отидоа кај шурата на кумашинот да прашаат дали жена му и јатрвата ќе дојдат на свадбата на девер ми.
Одговор:
Шо има тука да се преведуе, ако можат, ќе дојдат.

Кутрите мали Фички

Земаш цвеќе, го ставаш сред некоја што е можно подебела книга, и за еден месец вадиш совршено сплескан примерок за хербариум. Така барем беше во 6-то одделение. Наспроти нас, Рон Арад се однесува како некој да му побарал ова да го направи ама од Фичовци.

Филозофија на пеколот

Одговор на тест по хемија на Универзитетот во Белград, на прашањето: "Дали пеколот е егзотермичен (шири топлина) или ендотермичен (апсорбира топлина)?"

Зетот по име Игор

Игор е Русин, инаку домазет во Америка, и тоа кај балдазата. Да бидеме искрени, човекот уште на 4 години се сели во САД и има најрегуларен американски нагласок (за на работа), ама по дома и понатаму избира да збори со руски акцент. Фоткиве ги прави балдазата и на тема, нејзиниот соживот со сестрата и зетот Игор.

Виндоусот што никогаш не го баравте

Не 95-ка, туку Виндоус 93-ка, сместен во веб-страна и достапен на клик, ама достапен со комплетната своја одвратност, која по циклус од 20 години, сега изгледа некако свежо (како минатиот апдејт на иОС).