Зезалици

Зошто Џејмс Меј беше отпуштен во 1992

Во тоа време водителот работи како уредник во Аутокар магазинот, а една од задачите му е да го состави годишниот каталог на авто-тестови на отворено. Под составување на изданието се подразбира и да ги напише текстовите, или барем воведите за него. Премногу добра шанса за Меј за да не ја искористи.

Актерите и оригиналот

Десетици биографски филмови и визуелна споредба меѓу глумците што ја одиграле улогата и ликот што го глумат.

Толеранција, затоа што парите на сите ви се исти

Мекдоналдс за Еуро 2016 со кампања за помирување, или ако ништо друго барем толеранција меѓу навивачите (бидејќи ретко кој бизнис видел ќар од закрвени навивачки орди).

 

ГСМ Арена за овошје

Ги има сите модели на овошје, со сите можни информации што може да те интересираат или не, поделени по групи и плус може да споредуваш најразлични овошја.

Урбано воскреснување

Двајца полски архитекти, основачи на No Studio од Вроцлав, решаваат малку да им се посветат на делови од својот град што сите останати ги заборавиле или запоставиле. Им текнуваат и прават чудесии низ градот.

Веце алелуја

Јапонците беа први кои измислија писоари со сензори кои пуштаа вода штом насетат човек. Ова е следниот чекор, почекајте едно пет години и овде писоарите да ги претворат во храмови.

Брендови и калории

Ќе ги препознаете познатите марки а попат може и нешто ново да запамтите за нив. Наместо името, напишан им е бројот на калории кои го содржат.

Ама, тие не се откажале

- Хенри Форд пропаднал и банкротирал 5 пати пред да успее.
- Мајкл Џордан биле избркан од училишниот кошаркарски тим.
- Директорот на училиштето на Мајкл Кејн му рекол "Ти цел живот ќе бидеш работник."
- Ван Гог продал само 1 слика во животот и тоа на својата сестра за околу 400 франци. Тоа не го спречило да наслика повеќе од 800 слики.

Шопенхауер: Како да победите во секоја расправија

1. Позицијата на вашиот противник однесете ја преку нејзините природни граници, преувеличите ја. Колку поопшта ја направите изјавата на противникот, толку полесно ќе најдете аргументи против неа. Колку е поограничена и поконцизна вашата позиција, толку полесно е да ја одбраните.

За што сè плачат копиљаци

Благодарејќи на модерното чудо на технологијата, наречено смартфон, веќе нема да можеш да се вадиш дека твоите ти тераат црна кампања кога на стари години ќе те ругаат за тоа колку неподносливо дериште си бил/а. Неколку примери на прекрасно неподносливи детишта.

На паркинг е колата, ништо не ѝ е

Вчера во Фиренца пука една од главните водоводни цевки во градот, по што половина град останува без вода. Делот кај што пука цевката случајно се погодува да е паркинг. Веќе не е.

Уметност човече

Влегуваш во уметничка галерија, како што се шлаеш низ неа наидуваш на очила оставени на патос. Веројатно најголемата драма што може да ѝ се случи на твојата кариера како познавач на уметноста: дали ова е уметност или намештаљка.

Така се чува национален парк

Една година пред американскиот Конгрес да го прогласи Јелоустон за национален парк (1871 година), фотографот Вуилијам Хенри Џексон фаќа неколку кадри од оваа дивина во Вајоминг. 145 години подоцна, друг фотограф решава да го провери погледот од истите агли.

Спонзорско-бизнис романса

Има ли тука некој што заработува 500 илјади или повеќе? Или жена на таков човек? Може ли да ми дадете некакви совети? Излегував со бизнисмен кој заработуваше помеѓу 200 и 250 илјади. Но тоа изгледа и беше проблемот.