Видео

Трк по тавани и подруми!

Викаат дека треба да си ги пуштиш нозете колку што ти е долго чергичето. Но, што ако дури на стари години дознаеш колку ти било долго чергичето? Почекајте да ја видите шокираноста на стариот кога ќе слушне која е вистинската цена на индијанското килимче кое со децении им се мотало по дома.

Што ти значи Папа да си

Сонот на секој од нас, да се возиш со кола и одеднаш некој ничим изазван да те почасти со пица. И покрај сето она силно обезбедување, папамобили и булетпруф стакла, пицата стигна до клиентот. За носење му е.

За мексиканцките работи

Ќе ви се види позната оваа равенка. Има тројца во неа и секој секого мисли дека држи за јајца. И тоа е само почетокот.

Партијата на навредените

Демократи, избори, Демократска партија, Трамп, претседател, Републиканци, политичка коректност, сељачишта, интелектуалци, навредени, образовани, што, како, зошто се случи, сумирани во 19 секунди од Бил Маер.

Готвачка поддршка

По принципот на техничка, само за готвачи. Ми загоре, го пресолив, ми остана, и слични разнебитувања на твојата верба дека те бива за готвење, одговарани и решавани лично од Гордон Ремзи.

Катна гаража „Ајде да летаме“

Убаво е да се знае разликата меѓу педалата за гас и онаа за кочница. Особено ако си паркиран во катна гаража. На седми спрат.

Оскаровски гневен Твитер

Уште една тура славни луѓе што читаат гневни твитови за себе, само овој пат собрани во Оскаровско издание со подеднакво достојна постава.

Поглед на Севница

Местото ви звучи познато затоа што го имате чуено на поминување, како родниот град на првата дама на САД, Меланија Трамп. Американците отидоа до Словенија да направат репортажа за местото во кое е родена и израсната "една од најголемите ќерки на Словенија". И вака, Словенија ко Словенија, мирно.

Како изгледале емиш & зарзават пред да ги упристоиме

За сите оние кои се убедени дека се борат за храна „онаква каква што ни ја дала природата“. Таква каква што ни ја дала, тие не би ја ни препознале како храна. Денешната „природна“ пченка е 1.000 пати поголема од природната.

Како знаеш дека бананата е зрела?

Што да прави човек среде луѓе со Туретов синдром? Да се изнапцуе на раат. Фино интервју со прочуениот невролог Оливер Сакс. Уште делот со боите да се оствари па сите оние околу нас кои се слепи за бои да развијат некои други вештини. 

Оскаровската торба со над 100.000 долари во поклони

Торбата ја добива секој можен номиниран за Оскар, а и покрај тоа ваквото раздавање нема врска со Академијата туку е дело на маркетинг компанијта Дистинктив асетс. Во неа поклоните почнуваат од лабело од 5 долари, па нагоре.

Искрени Оскари 2017

Во конкуренција се 9 филма, сите 9 излезени таман пред сезоната на наградите, да не случајно ги заборави некој, сите 9 изгледани од ретко кого што не морал да го прави тоа по службена должност. Ова се искрените трејлери за номинираните за Оскар.

Меланија на тркалезна маса

Респектабилен кастинг од филмски сценаристи (Педро Алмодовар, Том Форд...) и веќе во 5 минута се фаќаат за жена му на Трамп. Се разбира, како и пола свет, ја утнаа дека е од - Словакија. А за разбирање е, кој бил во Љубљана и Братислава, знае дека тоа се најдосадните градови во Европа. 

Бруслиевци од нашиот кокошарник

Кога човек е на своето работно место за кое е стручен, обучен, компетентен и во крајна линија - платен, а го гледаш дреме на Фејсбук расправајќи се на некоја пичкесиматер тема. Е тоа изгледа отприлика вака: 

На бина со Газдата

Во видеото можете да уживате и без посебна најава. За еден друг занимлив детал: родителите на малиов биле пресреќни кога виделе дека некој ја снимал сцената и ја објавил на Јутјуб. Имено, никој од нив не помислил да штрака со мобилниот, да фаќа фотки и видеа и така да пропушти во живо да ужива во моментот. Ок, колку родители овде така би постапиле?

Како се снимаше Планета Земја 2

Идејата е врвниот документарец на Бибиси, да изгледа како врвен филм. Уште една работа, Бибиси снима документарци за природата од 1957 (за споредба Радио-телевизија Скопје почнува со емитување на ТВ сигнал во 1964).

Понеделнички машки заклетви

Едвај чекаме да дојде вторник па да почнеме да си ги пееме заклетвите, за следниот понеделник. Да, да, овојпат за озбилно :)

Мистерија на денот

Серија „Blacklist“, четврта сезона, 14-та епизода, 27 минута и 44 секунди. Пазете што има во втор план:

Видеоснимка од вистинско чудо!

Пастор како нашиот Тино, а исцелител како нашиот Иван, овој божји човек пред многубројна публика ја демонстрира огромната моќ на натприродното! Пред себе има жена на која левата рака ѝ е пократка од десната. Пред ваши очи таа рака ќе порасне таман за да биде пасент со другата! 100 пати да гледате, нема да најдете ништо кусо :)

Автоматски ланци за гуми

Малку доцна ни доаѓа ова ама може до следната зима ќе ги има овде. И онака стандардните ланци ретко кој возач знае да ги монтира.

Видео ефекти

Кратка демонстрација што може да се направи со дигитален композитинг или по нашки, видео ефекти. Ако ефектите ви се чинат неуверливи, одгледајте до крај. 

Кражбата наречена сметка за парно

Човеков тврди дека српска Топлификација го краде цел Белград и остатокот од Србија каде има градско парно. Според него, тоа што имате калориметар ништо не значи, затоа што (да го објасниме ова на начин како што ние го разбравме) крајната цена на сметката е резултат на чиста магија.

Официјална џиу-џицу одбрана од Трамп

Џастин Трудо покажа како се блокира а сега една џиу-џицу академија постираше видео упатство како најефикасно се реагира на непријатниот начин на ракување на Доналд Трамп, кога ти ја држи раката и те влече кон себе. Зафатот се вика „гускин врат“ и ќе биде весело ако некој државник се охрабри да го изненади плавушанот и да му го демонстрира потегот.