Видео

По туѓ грб 100 топки не болат

За да не бидат прегазувани од бикови Шпанците решија во тие трчањата по град крупната стока да ја заменат со џиновска топка, со тежина од 300 кила. Освен тоа што нема да те наденат на рогови, ништо друго не е подобро.

Не е до алатот, до мајсторот е

Кога ќе видиш ни еден од двајцава не греши, само може едниот поправилно ја користи механизацијата што му е на располагање, а другиот е Рус.

Брегзит проблемот

Преговорите за брегзит официјално започнаа на 19 јуни 2017, речиси една година по референдумот со кој се побара отцепувањето на Британија од ЕУ. За Британците проблемот не е веќе кој за што гласал, туку како може тој што напињал за заминување од ЕУ да нема блага претстава како да се случи тоа.

Едно јагне имаме

Ако можеше Нокиа да ги поврзува луѓето, може и ова нашево, си помислиле луѓето од австралиската индустрија на јагнешко месо. Па смислиле спот со Господ, Исус, Мохамед, Буда, Афродита, Мојсие, Ганеш, оној скиентологот Хабард... Поентата на спотот е троа глупа, ама муабетите се добри (Исус прави стари финти со пресврт), а софрата - боговска.

Вејтс на тронови

Уште еден фин момент од паузите на снимањето на Игра на тронови. Пар познати ликови од серијата фаќаат една од раните песни на Том Вејтс, I Hope I Don't Fall In Love With You. Па преубаво.

Сендвичот наречен трпение

Како што оброкот не треба да биде само прехранување туку секојдневна церемонија на спокој, така и на подготвувањето храна треба да му се приушти сличен пристап. Земја на потекло: Италија > Сицилија > Сиракуза.

Генерички млади

Тоа што за цела твоја демографија може да се состави комплетно автентична реклама од сток видеа, никако не треба да ја пишмани твојата самоувереност во тоа колку си уникатен и неповторлив.

А да земеш точак?

Да не вршиме притисок ама греота е човек да го пројде животот мачејќи се како грешник. Исто и пешадија е решение.

Трка. На џамлии. Под вода

Прав спортски пациент озбилно ќе се загледа во ова, особено во драматичните фото-финиши. На прав спортски пациент ќе му простиме ако нè пцуе за спојлеров: победува порцеланка а нашиот фаворит, троперката, мораше да се задоволи со бронзен медал. 

Ладен туш за подметачите

До сега најмодерно беше да не можеш да се изгориш од плотната на шпоретот. Кај новиот систем на Босе, и тенџерето останува ладно, иако водата во него врие. Овие што изработуваат подметачи за жешко, време е да почнат да си прават шупелки.

Една е мајка, а сандали се две

Најстарата родителска финта на светот сè уште функционира беспрекорно.

50 Cent го предизвика Мејведер

Можеби Мејведер рутински победи во 10-та рунда откако паметно дозволи Мекрегор сам да овене (ММА борецот енергетски е баждарен на три рунди), но него допрва го чека застрашувачки предизвик. Раперот дава 750.000 долари на хуманитарна организација по избор на светскиот шампион ако овој успее да прочита една страница од книгата Хари Потер! А му нуди и лајт варијанта.

Добрина на парче

Американски ресторан за пица на парче во кое многумина купуваат две парчиња: едно за себе, едно за некој после нив. За второто платено парче се става стикер на ѕид. Доаѓа некој гладен или бездомник, го зема стикерот и добива парче пица. Штета што на вакви генијалности, наш мозок реагира со смислување сценарија на кои сè начини ќе пропадне идејата.

Пет нијанси ураган

Ураганите се делат во пет категории. Оние од прв степен почнуваат со ветар од 119 километри на час, оние од петти дуваат со над 252 км/ч. Згодно видео кое демонстрира како реално изгледа разликата меѓу нив.

Чиј бургер е најдобар?

Кај нас вечната дебата, во која уште никој нема мрднато ни сантим од својата почетна позиција, се води на темата - каде има најдобар ќебап: Турист, Ана-Кристи, Тетекс или Пчела? Кај уредниците на Тејсти темата е бургер, секој од нив идентично закоравен и се колне во својот избор.

Џери Луис кај Дејвид Летерман (1982 и 1984)

Видеото е поставено како виц: Влегува Џери Луис кај Летерман... и го фрлаш цело сценарио, седиш и гледаш што ќе им дојде.

Кoга ти е досадно на Game of Thrones

Клегejн и Тормунд како потврда на изреката “Душата е шатка, сака и да плива и да лета“. Во нивниов случај, не можеш нон-стоп да си страв и трепет, да јаваш коњи врани и да сечеш глави наоколу. Ајде јунаци, песна!

Попови, сте го јаделе

На јапонски саем за погребна опрема и техника (да, да) извадија робот будистички свештеник, програмиран да извршува погребни ритуали и да мантра будистички молитви. Во претходниот живот бил келнер, куќен помошник и продавач (од работа нема срамота). Каде- каде е поевтин од живите колеги и плус не мора да му бацувате рака. Само што малку звучи како Глоријан.

Погрешно сипате пиво, па тоа ти е

Оние кои ставаат без пена од прва се дисквалификувани (бидејќи пиво без пена е блуткаво ко граѓански активист без вмровска влада). Ама, повеќето сипувачи се оние на кои најглавно им е пивото да не се одгазира. А ако не се одгазира во чаша, ќе го стори тоа сепак, само во вашиот стомак. И после ве дуело, па нормално. Наравоучение: допуштете му фино да се издиши и гргајте.

Нема одолевање на Деспасито

Единствен грев на девојчево е што не му држи инаетот па да глуми како тебе дека не ти се шизи на Деспасито. Сè друго околу девојчево е спектакуларно.

Кој во ваше друштво е Касандра?

Отсекогаш постоеле луѓе кои верувале во некоја скорешна апокалипса. Од друга страна, постои теоретска можност Исус еден ден да се врати на Земјата, за идентификација да ни покаже некој од старите добри трикови (на пример, одењето по вода), а ние, веќе изморени од оние првине, лаконски да му дофрлиме дека Дејвид Блејн боље ја прави таа финта.

Хроника на една (не)најавена војна

Само сменете Америка и Канада со Србија и Македонија и многу работи во ова видео ќе добијат смисла.

Рецепт за правење трејлер за блокбастер

Видеово речиси е на ниво на темплејт, на кој што сè имаат фино напишано и обележано, а ти треба само да ставиш кадар и готов си. Ако ништо друго барем одлично се држат до холивудски тестираните временски рамки за траење на трејлер. Друга работа што покажува видеово, ја имаат фатено цаката на која се лепи публиката.

Швајцарија има ролеркостер сред планина

Нешто помеѓу боб-санка за луѓе што се плашат од боб-санка и најдобрата награда на сите времиња за тоа што си се искачил на некоја планина.