Разно

Најточната и најбавна дефиниција на демократијата

„Демократијата во основа значи владеење од луѓето, на луѓето, за луѓето. Меѓутоа....“

Тони Пајк, хедонистичкиот крал на Ибица

Еден од оние луѓе за кои, макар чуле само дел од неговата биографија, би рекле: ех, тој да отвори уста... Дискретно, ама денес 83 годишниот Пајк и тоа како  отвора уста, за Фреди Меркјури, Грејс Џонс, Џорџ Мајкл како и за органското оправдување на неговата кого-удрам- не- жалам сексуална зависност. 

Дошло гадно време па се прашуваме

„Дали вреди да се бориме или треба сите да исполегнеме и да поцркаме?“ Убави 23 минути на таа тема со професорот по филозофија, Борис Братина, кој зборува за тоа дали самата околина го одредува животот на човекот или пак самите бираме да му робуваме на напредокот и на сопствената желба за поседување.

Како се разбраа Бафало Бил и поглавицата

Американските Индијанци со векови развивале и користеле знаковен јазик со кој припадниците на различните племиња се разбирале меѓу себе. Вилијам ф. Коди (Бафало Бил) го научува тој јазик и седнува на муабет со Челичната опашка, поглавица на племето Лакота Сијукси. Прилично детален муабет.

Украински маалски активизам

Во Украина актуелна е измама во која луѓе одат по станови на постари пензионери и им нудат најефтина можна замена на старите прозори со нови со подобра термо изолација, за што само треба авансно да дадат некоја сума на пари. Откако ќе земат аванс засекогаш ги снемува ликовите. Како последица на ова, во земјата се појавија и „активисти“ кои ги чистат измамниците.

Густав, сите епизоди

На 80 години почина творецот на Густав, еден од саканите цртани во социјалистичкото минато на Македонија и Југославија. Марсел Јанкович беше графичар, илустратор на книги, историчар на културата и почесен претседател на унгарската уметничка академија. Има номинација за Оскар за краткиот филм Сизиф а во 1977 добива Златна палма во Кан за филмот Борци. За Густав го пишуваше сценариото. Компилацијата трае 2 часа и 20 минути.

Што софтвер има овој Магнус Карлсен?

Му покажуваат различни позиции на шаховска табла и тој погаѓа од која партија и од кој дуел се! Побогу, од кој свет е дечкото? Па колку партии тој има во глава? Ние прееска се пишувавме на Скајп пошто никако да текне дека она со пченкарно се вика проја.

Отпадот од едно затворање

Во Данкин донатс ѕвони за затворање за дента, што значи сè што е останато непродадено на рафт мора да заврши во канта за ѓубре. Толку многу кутри недолжни крофни. И така секој ден, во секој Данкин донатс.

Бомби без граници

Газдата на кулата Ал Џаваа во која беа сместени Ал Џезеира и други медиуми, моли некого од израелските власти да дадат само уште 10 минути пред да ја ракетираат зградата, за да можат луѓето да соберат нешто од опремата. Неколку минути подоцна, кулата е збришана од а до ш.  Вака ни озлогласеното НАТО не ја залупа озлогласената РТС.

Далеку е сонцето

Зад она што се случува меѓу Палестинците и Евреите во Израел, не стојат само некакви ултра-религиозни екстремисти од двете страни. Идејата дека „имаме право да ги мразиме, протеруваме и/или убиваме“ е одамна и бааги метастазирана. Млади луѓе од западен Ерусалим, со насмеани и добродушни лица, ги опишуваат своите „конструктивни предлози“ за решавање на проблемот. 

Хетфилд не e на чисто со вакцината

Фронтменот на Металика вели дека не му е јасно како ќе изгледа концертната иднина на бендот, особено што и тој е скептичен околу вакцинирањето. На еден подкаст, Џејмс Хетфилд откри дека ни како дете нема примено ниту една вакцина, од религиозни причини (родителите му биле посветени членови на Христијанска наука, верско учење и пракса кое се противи на медицински третмани). „Ако ептен бараат пасоши, тогаш ќе донесам одлука.“

Идеалниот секс, според Жижек

Нашите технолошки продолжетоци ќе ја обавуваат валканата работа а ние, ко аристократија, ќе пиеме некој чај и ќе си зборуваме за филмчиња. Е не, ко сељаци ќе се потиме и ргаме.

Џо Роган да ви каже нешто за Твитер

Твитер му блокирал видео за Ивермектинот. Ај тоа, туку не ни пробал да го објави, туку само сакал да го прати нкому во директна порака. Ако и натаму ги мислите тие пораки приватни, праќајте вие и натаму нудс и дипкпикс. 

Алиша Милано налета на оние кои „ги брани“

Од својот замок во Кањонот Бел (еве баш тука), оваа, некогаш поднослива актерка. ја задржува својата присутност во јавноста глумејќи загрижен прогресивец. „Во името на сите нас кои не сме црни, замислете да гледате вести...“ порача таа во својата последна проповед која наиде на маестрална контра од извесна Савана Едвардс од Њу Орлеанс

Панцир за секој пејач

Замисли до половина да си соблечен гол во кафана и да го смараш пејачот кој не може да те поднесе, а и покрај тоа да не си ни приближно најпроблематичниот лик во локалот.

Виски препеченица

Човекот решава да удри втора дестилација на евтино виски од супермаркет. Не само за да види дали препекот ќе личи на порафинирано виски или пак ќе мава накај некој прочистен алкохол како вотка, туку после ги меша остатоците од дестилацијата (боја, карамелизација, вкусови) со обична вотка. Значи, дупло занимливо.

Бутиџеџ, камај

Американскиот секретар за транспорт Пит Бутиџеџ, многу држи до својот имиџ на еко--освестен политичар. Интернет вади снимка како тоа може да изгледа: со службен блиндиран џип му го носат точакот, му го вадат од гепек и после тој гордо ги одпедалува последните неколку стотини метри до дестинацијата.

Кој го викна овој?

Кога западен медиум ја покрива пресудата за полицаецот Дерек Шовин за смртта на Џорџ Флојд, Брендон Татум се чини како пасент гостин; ем е ЕКС полицаец што значи дека веќе не е дел од озлогласените ескадрони кои сејат смрт меѓу црнците, ем и самиот е црнец, што значи дека - не е белец. Ама Татум така ја разби лажната расна агенда што којзнае кога пак ќе го видиме на Би Би Си.

Ќе правиме ли фајронт во 2040-та?

Во 1973 година, научници од МИТ го создаваат компјутерскиот програм „World One“ кој прави математички модели за влијанието на развојот врз одредени аспекти на живеењето.

Леброн волку банани во живот нема попиено

Леброн Џејмс по автоматизам се цимнува на расни прашања па во еден инцидент во кој бел полицаец пукаше во црна девојка, веднаш твитна дека е уморен полицајци да му ги убиваат браќата и сестрите. Полицијата извади снимка од body-cam, се виде дека не е тоа така банална ситуација (девојката со нож сакала да убие друга црна девојка) па Леброн го избриша твитот. Кенди Овенс е тука да му покаже колку е глуп, ако треба, на забавена снимка.  

Што Стивен Фрај би го прашал Господ?

Ова на многумина баш и нема да им звучи убаво, ама па и животот не е саде богоугоден(види вести). Грчките богови полесно би минале во муабет со Фрај, просто затоа што и покрај сите каприци, тие барем никогаш не се преправале дека се хумани. „А дечкото е манијак,“ ќе рече Фрај кој, по важечките услови, не би ни сакал да оди во рајот.

Како бе живеете во вакви градови?

Добро бе, па на никој ли не му дојде да паркира малку на тоа црвеното, со четири жмигавци да почека некого, „одма ќе дојде“?  Или набрзинка да скрати преку црвеното? Како воопшто живеете такви? Можеше да побараме каде е ова, ама повеќе сакаме да веруваме дека е некоја измислена земја со измислени луѓе.

Кој е против боцкање?

Жена снимила како нејзиниот вујко го вакцинираат на жими мајка. Сестрата го боцка човекот ама не му вбризгува ништо. Нејасно е зошто воопшто би го правела тоа (ја чува вакцината за свои луѓе?) ама службите ја признале грешката. Веста е од Мексико. Значи, не може наш човек да отиде некаде а да не ги научи домаќините на некоја вештина.

Одиме во Каракалпакстан?

Репортажа од Каракалпакстан (три пати треба да прочиташ за да видиш дали добро си напишал), автономна област во северозападен Узбкистан (имаат право на вето). Нè мавна флешбек, изгледа провинциски и запуштено баш како ние (Скопје, Македонија) во 90-тите години. Не дека ние сме пркнале а тие не, туку што ни сега сме провинциски запуштени и на многу потрагични начини.