Разно

Натпревар во што?

Натпревар во прецизно синхронизирано одење, и нормално дека се оддржува во Јапонија, и не е ништо ново, бидејќи ова го прават уште од 1966.

Можете ли да го патентирате Сонцето?

Сега кога буџите од Фајзер, Модерна и другите тријат раце и ги планираат своите нови јахти и љубовници, да се потсетиме на една друга вакцина и на еден поинаков човек кој, прашан кој ја поседува неговата вакцина, одговори: „Луѓето. Нема патент. Можете ли да го патентирате Сонцето?“

Рон Вајт ја продава куќата

После Елон Маск, и комичарот Рон Вајтс веројатно реши да собере партали од Калифорнија и да се врати во родниот Тексас. Добро, не баш партали. Местото на Беверли Хилс го купил пред 10 години за 1,5 милиони долари, сега овој огромен и троа кичест мавзолеј го продава (крајно шармантно) за 7 милиони. Никому не му треба волкава куќа. Никому. Особено не денес на Вајт кој пред некое време побара да престане да плаќа алиментација на бивашата (25.000 долари месечно) зашто пандемијата му ги уништила приходите. 

Авганистан знае да биде благодарен

Можеби Американците останаа предолго во Авганистан, можеби цела таа нивна мисија беше контроверзна, тешко оправдлива, скапа во пари и прескапа во човечки животи, но, „након свих ових година“, може да се каже дека Американците успеаја да ги освојат „срцата и умовите“ на локалното население. Еве, погледајте.

Веројатно треба да ја зачистите тастатурата

Откако на последното чистење крокодили ни излегоа од под копчињата, по ново тастатурата ја чистиме со огнофрлач. Меѓутоа, видиш, имало и луѓе кои редовно си ги пазат тастатурите.

Ден во животот на јапонски месар

Некаде околу 30-та секунда од видеото нараторот кажува како главниот лик (месарот) не е утрински човек како останатите Јапонци, па сабајлечки сака некоја минута да се доспие на каучот во дневна. Пред да го каже тоа сподели и уште еден факт, месарот станува во 6 и 30 сабајле. Нема раат за Јапонциве. Плус ќе се изнагледате вонземјански напредни навики и правила според кои живеат (пример, секоја фирма плаќа ѓубре по вреќа, а една полна средно голема вреќа ѓубре чини 1,2 долари).

Што протокол е тоа ако не е унифициран?

Венко Филипче деновиве даде јако фолирантска изјава. Министерот кој во денови со 40 мртви од ковид наоѓаше време на Фејсбук да објавува хвалоспеви за визионерството на Заев, вика дека протокол има само што не е унифициран затоа што имало разни клинички слики (?!) Тоа е како да кажеш дека во фудбалот нема унифицирани правила на игра затоа што постојат безброј фудбалски ситуации и секоја од нив бара посебен пристап.

Масакрот во Алди

На 25-ти ноември, жена влегува во Алди (ланец на буџет супермаркети) и прави штета од околу 130.000 долари исклучиво со кршење на шишињата алкохол што ги има на полиците во супермаркетот.

За да ви биде појасно што е разликата меѓу милионер и милијардер

Да, парите се разликата, ама многу често кога се читаат бројките се губи осетот за тоа за колку многу пари стварно станува збор. Пример: 1 милион секунди = околу десетина дена; 1 милијарда секунди = 32 години.

Феноменалната маркетинг измама на која упорно не можете да одолеете

Правилото е дека секој пат кога ќе видите дека во понуда има нешто „средно“ бидете сигурни дека тоа е таму само за вас, чисто за „големото“ да не ви изгледа страшно.

Неверојатен приказ на јапонштина

„Ве молам смирено продолжете со работа“ ќе им каже надзорникот на 1.200-те јапонски инженери и работници со задача во 01 часот по полноќ да сменат цел еден сегмент од метрото во Токио. Па што почнувале во 01 часот наутро, кога може пример во понеделник? Затоа што во 01 часот им е последниот воз за дента, а во 5 часот е првиот за утре дента, и треба да се готови.

Зошто жените живеат подолго?

Меѓу другото и затоа што мажот им ја чисти колата од снег пред зграда.

Метју Меконахи за Џордан Питерсон

„Луѓето веќе не го ценат контекстот,“ вели актерот за денешната нелиберална патернализирачка култура во која e доволно некому да му извадат неколку збора од питај бога кој и со каква поента муабет, и тоа да заврши со негово прогонство од јавниот живот.

Како Кина контролира ковид кластер

Еден работник во најголемиот шангајски аеродром испаднал позитивен на ковид. Што прават Кинезите? Топтан затвораат десетина илјади луѓе од аеродромот во подземните простории на објектот. Тестирање, молим лепо. За ден ипол земале 17.700 брисеви. Досега биле обработени 11.500, сите негативни.  

Во Америка се врати редот

Во Аурора, Колорадо, дуќан отворил фамозниот калифорниски ланец за брза храна, In-N-Out Burger. Се направил ред од луѓе, па од автомобили кои направиле змија на паркингот, па не ги собирало на паркингот па почначе да се редат на автопатот. Се направил толкав ред што за бургер се чекало 12 (дванаесет!) часа. Како е, побогу, тоа - брза храна?

Од непријатни видеа, снимка од државна болница во Норвешка

Многу поинаку непријатно од снимка од државна болница кај нас. Отприлика нивната изгледа како дубајски ол-инклузив ресорт, а нашата како олицетворение на зборот „тетанус“.

Вадење џокер од ракав

Западна новинарка на азербејџански политичар му ја вади стандардната „рака“ со картите за човекови права, слобода на медиумите и НВО-ата. Овој ѝ го вади Асанж. Но, тоа не е сè. Главниот блам е што BBC го објавува интервјуто без тој дел.

Вилијам Дефо за своите заби со воздушно ладење

Маестрален! Холивуд никогаш нема да ни објасни како овој човек никогаш не беше Џокер. Ова филмче на рускиот режисер Григориј Добругин со Вилијам Дефо е продаден за 100.000 долари на една аукција за детски хуманитарни каузи. 

Тулси Габард, жената која ја раскринка Камала Харис

Сега кога прогресивците почнуваат американскаta Катица Јанева да ја тетовираат на чело ко петокрака, да потсетиме што лик е таа и што му се случува на човек кој ќе се дрзне да ја критикува. И тоа додека беше во опозиција, можете да замислите како тие орди сега ќе земат залет.

Варуфакис за изборот кој го имаа Американците

Ужасен избор, вели поранешниот грчки министер за финансии. Да бил во регуларна сојузна држава, не би гласал ни за еден од нив, да бил во некоја од решавачките свинг држави, вели дека би затворил нос и би гласал за Бајден.

Ако сте бездомник, купете си куќа

Му викаат дека 85 најбогати луѓе во светот имаат колку што вкупно имаат 3,5 милијарди најсиромашни луѓе на планетава. Социопатот вика: Тоа е фантастична вест!

Животот пишува шпански серии

За време на еден „бејби шауер“ мажот доаѓа на прославата заедно со адвокат, и почнува да вади листови, документи, па на крај и видео, кое покажува дека тој не е татко на детето. И сето ова се случува пред сите најблиски, вклучително и вистинскиот татко кој е меѓу најблиските.

Трамп нема шанси да победи!

Едногласна прогноза на импозантна колекција од луѓе, од Ненси Пелоси до Том Хенкс, од Сандерс до Обама, кои го ставија сето свое знаење, искуство и јавен углед во нивната проценка дека Трамп сигурно ќе изгуби. Со тоа што, не е лошо да знаете дека е ова колекција од изборите во 2016 година.

Пумпаџија на денот

Замислете да влезете во бензиска и да наидете на ова Зомби, направено гипс од којзнае која лута дрога. За да биде уште поглупо, носи дукс на кој пишува 'Dope Dealer' на што е додаденo 'H' за 'Hope'.