Музика

Дозволете си да се убиеме со убавина

Убавината знае најсилно да блесне баш онаму кај што најмалку ѝ е место и баш онаму кај што најмалку ја очекуваш. Како кокиче сред депонија, како Велвет Андерграунд после Карлеуша, така и оваа убавина на чија милост ве препуштаме се раѓа во една скромна трпезарија, со русвај астал и разголени и запуштени мажјаци. Отворете си ги душите, за арно, за убаво е.

Што слушаа Бугарите во 60-тите години

Музиката и дизајнот на 60-тите години се толку чедни и чисти што човек го фаќа некоја милина дури и кога се работи за комунистичкиот ќерпич на Тодор Живков. 40 минутен сплет на бугарски шлагери од таа деценихја со нивните оригинални видео записи. Има тука доста интересности:  феминистички идеи (Лили Иванова вози ваљак за набивање калдрма, со и без седење), типови ко Лео Мартин, преработки на странски песни (Перси Слеџ - When a Man Loves a Woman), профи оркестрации и и много други неща.

Минути за руска пропаганда

Молиме за малку тишина. Јарослав Сумишевски и Ерболат Турлубеков имаат нешто да ви кажат. Во еден суптилен хибриден напад на синхронизиран двоглас.

Лелеј, каков Френк Запа со Доналд Трамп!

Автор на ова бравурозно лудо музичко парче е Матијас Лунгвист. Слушнете како тоа звучи и каква структура има песната и веднаш ќе ви стане јасна референцата со Френк Запа. А по малку и со Стили ден (вокалите на 1:57). Секоја чест.

Музичка берза

Малку подолго (10 минути) ама супер занимливо видео за најдобро продаваните музичари и групи од 1969 до 2019 година. Како доаѓале и заминувале, борејќи се за ушите и душите на музичките фанови. Има тука секакви изненадувања.

Норвежани ја пеат „У свету постоји једно царство“

Во верзијата на „Свартламон хардкор“ песната „У свету постоји једно царство“ звучи како пивска химна и како загревање за жестока фудбалска уткамица. Бранко Коцкица на ова би ги пратил децана до гранапче. Предобро!

„No Name Nation“ да ви кажат нешто

Вака треба да звучи една стара македонска народна патриотска песна.

Како да снимиш поп хит во 2019

Целиот процес има четири чекори (последниот нормално ауто-тјун) кои не бараат многу повеќе потези од тоа. Најкомплицираниот чекор веројатно е текстот, ама па тој одамна не е ни приближно важен во овој жанр.

И, толку од денот

Ќе дојдеш на работа, делумно свеж и речиси одморен, со идеја дека има да го фатиш сајтот и да го забревташ како парна локомотива. И после ќе видиш дека Адо ти пуштил порака „Што да ти кажам уредниче?“ и линк со песна. И од сите идеи кои си ги имал за работа, ќе успееш да ставиш бар еден поштен наслов.

Талентот не е играчка

Талентот е озбилна работа кога и со играчка ќе звучиш посериозно од многумина кои имаат јака и професионална опрема. Како дечково со оваа играчка од гитара.

Клептон и Фремптон

Питер Фремптон (задолжен за лудите гитари на Боуви) и Ерик Клептон. За првпат во животот тие двајца ги вкрстуваат своите гитари, на најдобрата можна тема за тоа, гитарската јадиковка на Џорџ Харисон од Белиот албум на Битлси. Не е како она легендарно парче со Принц, ама вреди да се види.

Валентино Бошковиќ и Брајан Меј

Брајан Меј е легендарниот гитгарист на Квин кој денес има 72 години. А Валентино Бошковиќ е - група.

Како е правена „Riders on the Storm“

Клавијатуристот на The Doors, Реј Манзарек (почина пред 6 години) раскажува како се родила нивната химна. Роби Кригер почнал на гитара, Морисон рекол, чекајте луѓе, имам јас текст за ова, Манзарек ja додал дождливата атмосфера на песната, Џери Шеф (басистот на Присли) се бунел дека е лесно Е-мол/А-дур да се разложи на клавијатури ама оди да те видам на бас... (само од оној труп на тапани Денсмор никој ништо не очекувал). Убава приказна.

Станувај, земјо огромна

Хорот на Народно-ослободителната армија на Кина изведува една од најпознатите и најмоќни руски патриотски песни од Втората светска војна. Претпоставувате како може да звучи тоа?

Махери под притисок

Квин, Ени Ленокс и Дејвид Боуви ја вежбаат „Under Pressure“. Квин си шијат како стари занаетлии, Ени концентрирана за да може да биде прецизна во високото а оној Боуви е факинг фраер дури и во тенџере плаво сако. Позади некаде, редот си го чека Џорџ Мајкл... Херојски времиња.

Геј да ве погали

Соголена од инструменти и пратечки вокали, песната „I Heard it Through the Grapevine' оставена само на еден од најубедливите Мотаун гласови на сите времиња, гласот на Марвин Геј, човекот кој загина од раката на својот татко.

Леб и сол. What a band!

Дали ќе ги начекавте во Драмски театар, во Антички во Охрид, во Битола или каде било, Влатко, Бодан, Кокан и Гаро правеа концерти кои се слушаа во еден здив. Да ги ѕирнете коментарите на Јутјуб, да видите што е тоа консензуалност, од Хрватска до Африка.

Жените за Том Веитс

Саде жени да ти прават трибјут албум и тоа додека си жив, покажува дека лежерноста на еден маж може да го однесе подалеку отколку да бил еден од оние што запнуваат.

Британскиот Брус Спрингстин?

Иако наредниве недели допрва треба да го издаде својот деби албум, магазинот Ролинг Стоун ја навестува можноста дека си имаме работа со британскиот одговор на Брус Спрингстин. Се вика Сем Фендер и има прилично зрел ракопис за еден 25 годишен дечко.

1000 музичари, Рејџ Агенст Д Машин // Killing In The Name

„Бендот“ прв пат го видовме кога се собра во Чезена за да ги покани Фу Фајтерс на концерт во Италија. Сега веќе целиот проект тера турнеи и прави свои концерт. Ова е нивната верзија на РАТМ.

Бела Чао се враќа дома

Кога ја објавувавме Веитсовата верзија, рековме дека песната „малку ни ја огадија фејкерите кои со неа на своите медени усни го крчеа својот пат кон државното ухлебување“. После цела оваа калакурница, сигурни сме дека ниеден од тие шупци веќе не ја пее Бела чао па можеме на раат да си ја пуштиме нашата омилена верзија, онаа на КУД Идијоти, од албумот чиј наслов пасент одговара на таа калакурница: „Ние сме овде само за пари“. 

Исправање на една историска неправда

И покрај целото наше натежнување накај рок музика, и малку поблаго накај метал, чувствуваме дека до сега не сме одвоиле доволно простор за - деткор метал. Ако сакаме ова да се поправи, а сакаме, зошто тоа не би почнало со Аца Лукас.

Посветено на нашиот омилен Вонземјанин

По повод 50 годишнината од објавувањето на Space Odity (50 години, јеботе!), песната доби свеж микс од неговиот долгогодишен продуцент Тони Висконти и нов видео спот, инспириран од Одисеја 2001-ва.  Путуј, мејџоре Томе, овде сè по старо.

Рамбо: Ода на евроинтеграциите

Не само што тематски сме заинтересирани за оваа нова песна на Рамбо Амадеус туку истата е од албумот „Бродот на будалите“ што нè прави уште поподобна публика за неа.