Музика

Кога старка ќе се разгневи

„Како да не беше доволно што ги преживеавме 80-тите години за сега пак да го гледаме истотo срање“, крикнува Боб Молд пренесувајќи го духот на Hüsker Dü појако од кога и да е. Стариот е наапан на стотка.„Устајте презрени и гладни,“ со многу гитари. Од-лич-но!

Како да сме во Матрикс

„Затворете ги школите, затворете ги и црквите“, пее пред 100 години за шпанската грозница слепиот Вили Џонсон, еден феноменален госпел и блуз уметник во кој почнува да р'ти и подоцнежниот рокенрол. Освен попустата надеж дека на луѓето ќе им дојде памет, единствено што Џонсон утна е дека Исус набргу доаѓа. Сега па уште помалку би му се доаѓало, пошто сега има прописно да го распнат на Фејсбук.     

Рамбо Амадеус: Платиш едно, добиеш две (пута три)

Мотиви и инспирација за пишување на овој текст најдов во поплавата на дезинформации кои доминираат со интернетот и социјалните мрежи, претворајќи ја свеста на луѓето во депонија на идиотарии.

Кинг Кримсон и Роберт Фрип - Heroes

Има доста добри обработки на песната на Боуви ама оваа баш прави мерак. Отсвирена е од бендот во берлински Адмиралспаласт во 2016 година, непосредно по смртта на Бпоуви и 40 години откако истата песна е создадена и снимена во непосредна близина на Берлинскиот ѕид. Со истата онаа гитара на Фрип која завива како ветар а трае како гајда.

Кит Ричардс во изолација

Добро, не целиот Кит Ричардс туку неговата гитара. И не секоја гитара туку онаа во „Gimme Shelter“. А тоа не е некоја од неговите омилени Телекастер, Лес Пол или Епифон туку некоја мистериозна Матон EG240 Суприм за која Ричардс денес памти дека некој во брзање ја оставил кај него, ама има заборавено кој.

AI/DC

Ги симнале постоечките текстови на AC/DC, ги пуштиле стиховите низ тн Маркови вериги  (Википедија, инаку тема која на ПМФ уште пред речиси 30 години се има изучувано во рамки на предметот Конечни Автомати кај проф. д-р Смиле Марковски) и оставиле вештачката интелигенција да ја дижестира нивната филозофија и поглед на свет. Добиле песна за тоа како постојат премногу жени со јајца. 

Стани Чак, ти ја свират Џони би Гуд на гајагеум

Гајагеум е традиционален корејски инструмент кој личи на разбој за плетење и има 12, 18 или 25 жици. Чак е Бери, пра-татко на рокенролот а Џони Би Гуд е онаа негова песна чии рифови „ja дефлорираа музиката, ѝ ја одземаа дотогашната невиност и неповратно ја направија дрска и секси“. Најмалку знаеме за Луна, девојката благодарејќи на која сè ова звучи супер симпатично.

Татко и ќерка against the machine

Сигурно ќе наидете на технички подобар и музички поквалитетен кавер на „Killing in the Name“ од RATM, ама попозитивен и поохрабрувачки од овој, тешко.

Стонси имаат нова песна после 8 години

Конечно нешто добро и од пандемијава. Да не беше таа, на старките веројатно немаше да им текне да седнат и да направат нова ствар бидејќи стадионите им беа полни иако најтазе песни кои ги свиреа беа од пред 25 години. Ете ни ја сега ‘Living in a Ghost Town’, песниште.  

Се собраа Апостолите!

Постојат четири типа човечки коронавирус и постојат четворица над-човечки Стоунси кои и во пандемија функционираат како и секогаш: Џегер ја носи песната, Рони ги одработува гитарите, Кит си го прчи и буричка колку за зачин a Чарли одработува смена како да работи на патарина. И тие и вирусите се имаат појавено исто време на планетава. И никој ништо не им може.

За многу години нека ни е Која

Нотиравме кога битолски деца трчаа по Даниел Кајмаковски и белградски по некој гејмер, редно е да нотираме и кога предмет на детската возбуденост е Која од Дисциплина кичме а повод, една-две лекции кои не треба да се заборават. 

Кога преживеавме спотови од 80-ти, ќе преживееме и ова

Над Тит-Ток деновиве кружи еден баук, баукот на советските музички спотови од 80-тите години. Духовите на непотребната носталгија ги повикаа група (денешни) тинејџери кои решиле да го реконструираат естетскиот модел на тогашните видео записи. И тоа изгледа и одлично и одвратно.

Спотот на деценијата го има - Лудвиг ван Бетовен

Штета што Бетовен не можеше баш најубаво да ја слушне својата Петта симфонија, ама уште по штета е што не може да ја види. Ова е толку добро направено што човек ќе помисли дека прво ја направиле анимацијата па после го ангажирале Лудвига да компонира саундтрак.

Звукот на дистопијата

Најчестата верзија за потеклото и мотивот на "Sound of Silence" на Сајмон и Гарфанкел, е дека е коментар на атмосферата после убиството на Кенеди. Ах, банални времиња. Дури кога ќе се измонтира со актуелните прикази од празните градови (сцените се Њујорк, Сан Франциско, Будимпешта, Париз и кинеската четврт во Чикаго) таа песна (во верзија на Disturbed) ја добива својата вистински морничава атмосфера.

Лет 3, Лет 2, Лет 1... концерт!

Ожујско пиво многу махерски го твикнале глобално познатиот слоган за седење дома па под шифра „Останете во гајба“ финансираат „мозаични“ свирки на хрватски рокери. Повелете саат време јако пржење со прекрасните заебанти од Ријека.  

Брајан Меј: Ова го немам пробано 50 години

Гитаристот на Квин е од оние познати кои деновиве прават нешто од домашна изолација за да ги забават своите фанови и да ги држат позитивни. Последно реши да свири на претходно отсвирена подлога (исто од себе), нешто за кое вика дека е „стара школа“ а го нема пробано половина век. Песната е ФБИ, хит на Шедоус од 1960-та.

Случаен Марвин Геј

Некоја снимка од некој роденден од некаде во Америка со некој бенд и некој пејач со мерак на „Let's Get It On“. Ништо од ова ни приближно не најавува колку е добар декото.

Од Германија за братска Италија со „Bella Ciao“

Жителите на Бамберг лагодно сместен во северна Баварија, уште полагодно во некој полуопуштен карантин, излегуваат на тераси за да ги поздрават и окуражат сите жители на Италија кои со недели се во рововска битка со ковид-19, со една од најпартизанските песни на сите времиња „Bella Ciao“

Nessun Dorma > Не сум дома

Италијански тенор кој како и другите се наоѓа во домашна изолација, решава преку балкон да го направи тоа што најдобро го знае, на комшиите да им подели малку музика и љубов, со својот глас и боговската арија на Пучини.

Што музика има во твојата чаша?

Освен што вода е штетна да ти влезе во кондура, излезе дека е бескорисна и во чаша. Затоа со ракија е сосема подруго.

Лејди Гага се врати многу јако

Кога Лејди Гага последен пат објави поп/диско албум, Тејлор Свифт уште беше кантри пејачка а Били Ејлиш немаше запишано средно. А кога сите мислат дека ќе направи цик, таа прави цак. Кралицата на медиумското внимание се враќа на стариот терен за да покаже дека и натаму е алфа женка. Со спот снимен на Ајфон.

И да знаеш кај си тргнал, не знаеш кај ќе стасаш

Шарлот Обери била кинисана да фати лондонско метро за да се сретне со пријателка, кога новинар со микрофон во рака ја подзапира и ја предизвикува да ја продолжи песната „Shallow“ на Гага и Купер. Шеесет милиони Јутјуб прегледи подоцна....

Химни знаат да уништат кариера

Темата деновиве е актуелна по веста дека Јосипа Лисац заработила тужба поради нејзината интерпретација на хрватска химна на инаугурцијата на Зоран Милановиќ. Прв кој изгоре на таква тема беше Хозе Фелицијано пред половина век.

Денови на јапонскиот метал и светскиот поредок

Бејбиметал е еден јапонски бенд произведен со продуцентски инженеринг кој има песна Хендбенгер, една од оние песни кои после не можеш да ги „отчуеш“ (текстот: хедобан, хедобан, хедобан, татата....). А World Order e седумчлен состав чиј основач едно време баталува боречки вештини и решава со овие да денсаат по улици, прецизни ко роботи. И имаат 164 милиони прегледи на Јутјуб. Доста е информации.