Музика

Преријата пуста да остане

The Pennywhistlers се американска пејачка група од 60-тите години, формирана од фолклористката Етел Раим, особено заинтересирани за музиката од источна Европа. Одбираме една наша, македонска песна во нивна изведба. Добри се. Замислете како би звучеле XXL да пееја некоја стара чирокеска. 

Сцената што ја врати Металика на топ листите

Метал химната и една од песните што ја обележи Металика како група „Master of puppets“ се појави во една сцена од 4-та сезона на Стрејнџер тингс, по што се најде на 1-во место на рок листата на Ајтјунс, и на 29-то место на вкупната листа, додека на Спотифај е на 12-то на американската листа и 26-то на глобалната.

Леле бе колку е ова лошо

Би ве охрабриле да чуете бар нешто од ова получасовно мачење со ветување дека Мирко Попов не пее, ама сепак ќе дојдете до еден вокал, на лик со голем бас во рака и уште поголем неталент во грло. Волку брука и резил во туѓо име одамна не сме осетиле.

60 години Ролинг Стонс

Во Мадрид и Шпанија Ролинг Стонси ја почнаa јубилејната турнеја со која обележуваат шест децении тркалање на камењата. И пазете, денес, во 2022 година, за првпат во живо изведоа песна која ја имаат објавено уште во 1966 година. Ете со каков моќен арсенал муниција располагаат старките. Ја знаете песната, добра една.

Ајланд Бојс ги освојуваат Хаваи

Оние тетовирани неухранети ТикТок јадници Ајланд Бојс, доста бучно дојдоа на Хаваи. Најјаки. Не мина многу време, некои локалци прописно ги исќофтаа и им ги испоукрадоа златните ланци. Многу се бре греови. А вежбаа, не дека не.

Бетовен, наглавачки

212 години откако беше напишана „Für Elise“ композицијата на Лудвиг Ван Бетовен добива неочекувана реинтерпретација. Некој го свртел нејзиниот нотен запис и го свири така, наопачки. И сами ќе дојдете до заклучок дека како и да го свртиш, Бетовен звучи генијално.

Една секунда Битлси

Џек Вајт демонстрира еден импресивен скриен талент. Дечкото може да погоди за која песна од Битлси се работи и за тоа му е доволно да слушне само една секунда од песната. Има луѓе што вака знаат и за Аца Лукас, ама тоа е сега друг проблем. 

Примате ли нарачки?

Се вика Френк Тедеско и на луѓето или им изнудува или насмевка или пак паѓање на вилицата. Затоа што им исполнува музичка желба, тоест им свири песна по нарачка. Ако не ја знае, ќе ја побара на Јутјуб, ќе ја чуе и ете му ја во прсти. Жестоко талентиран.

Рик Рубин ја раскажува легендата за создавањето на „Hurt“ на Џони Кеш

Зборувајќи за чувстото што го има кога ја снимаат песната, Рик Рубин вели: „Кога имаш 20 години и зборуваш за каење е тажно, ама е тажно на сосема друг начин. Бидејќи имаш цел живот за да сфатиш како треба. Кога гледаш наназад на својот живот, на крајот од својот живот, со каење, тоа е брутално.“

Пијанистот од Лвив стигна до лондонскиот концерт на Ханс Зимер

За време на концертот во преполната О2 арена, Ханс Зимер направи пауза за да му оддаде почит на украинскиот пијанист кој во Лвив под звукот на сирените за тревога за воздушен напад ја свири нумерата од „Инсепшн“ од 2010.

Чиста околина извадија лут спот за „Врие Македонец“

Им гостуваат Кацар и Вена, видеозаписот е на Иван Солунчев, продуцент, микс и гитара - Драги Иванов. Чиста околина маваат воспитни заушки!

Питерсон направи песна за Трудо

Да, текстот е на Џордан Питерсон, музиката негова и на уште еден автор, а ја пее тој и пријатели. Посветена е на канадскиот премиер Џастин - од умот се подизгубив - Трудо и се вика: Разбуди се! Како што вели еден наш читател, вака требаше да звучи Пинк Флојд во 2022 година.  

Жена од Султана, Сао Паоло

Да испереме малку уши од неодамнешниот пример со нашата градинка во која им била пуштана наведената песна (па луѓе се поделија па се заклаа по Фејсбуци). Или да одмориме од сапуницата во која ги малтретираат да кажуваат што за нив значи членството во НАТО. Дечурланци ја изведуваат Sweet Child Of Mine, со пеење и тропање во вангли.

Шабан и Чорба, препакувани

Едниот правец е песна на Шабан отпеана од Рибља Чорба, другиот е Чорба отпеана од Шабан. И двете одлично функционираат, како така да биле замислени од почеток.

„Don't Look Up“ во три минути

„Изгубен ли си во овој свет како и јас?“ е брилијантна црно-бела анимација на младиот Стив Катс, изведена во стилот на 1920-тите години и легендарниот Макс Флејшер (Бети Буп). За најголемиот парадокс на нашето време: никогаш не сме биле поврзани колку што сме сега, и никогаш не сме биле толку дисконектирани едни од други. Песната, нормално, на Моби.

Историја на металот

Мулти-инструменталистот Андреа Бокарусо скоцкал импресивна прошетка низ различните метал стилови, од 50-тите години до денес. Има тука сешто. Показна музичка вежба со сите нишани.

Европо, чувај ја оваа песна за нас

Ако ЕУ некогаш се реши да ни даде датум за почеток на преговорите (со опроштење на софра, голем кур), тоа не смее да биде проследено со ниедна друга песна, освен со „Final Countdown“ и не која било верзија, туку баш оваа! Да се знае, да се чуе и да се добие слика за каква тоа држава се работи!

Гласот на ѕверот

На „Америка има талент“ излегува малата и слатка шестгодишна Аралин. Во придружба е со нејзиниот постар, деветгодишен брат. Поминува претставувањето и ред е жирито да го слушне тоа  нејзино слатко гласче.

Божиќ во кола

Во декември 2006-та, сладуњавата божиќна песна на Мараја Кери стана првиот рингтон за мобилни кој беше купен 500.000 пати. 15 години подоцна, продажбата надмина милијарда. Пазете со какви фаци располага Џејмс Корден и замислете колку би било прејако со наши рокери вака да се отпее „Трба, трби, гевгелиско“.

Песнава никогаш не звучела побожиќно

„Вам“ може ѝ ја извадија маста на „Last Christmas“ и заработија неброени милиони од нејзе, ама и покрај тоа никогаш не успеаа да ја пренесат божиќната атмосфера како дечково.

Најепската музичка сцена која сте ја виделе

Ринго Стар и Џорџ Харисон се досаѓаат, вториов зева, Ленон уште не е дојден на проба. Пол Макартни дрнда по басот, нема уште ништо опипливо меѓу жиците. Само 45 секунди подоцна, Макартни ја има Get Beck! Ежење.

Преку дур од молови

Ја знаете „Jump“ од Ван Хален, така? Тоа полетно, тоа пржи со енергија, тоа стварно те гони да се раскокаш. Ама, така е додека е свирена во дур. Кога истата песна ќе се стави во мол, насловот ѝ е некако повеќе „Lay Down and Cry me a River“.

Кифнес стигна на Балканот

Кога веќе можеше да најде музика во звук од маче, амали или војници, не е многу чудно што Кифнес успеал да најде музика и во - песна на Карлеуша. Не директно туку преку некој црногорски двоглас. Лошо, ама, тоа е.

Јоко Оно, и ништо не е подобро

Последиот пат гоп имавме кога придружуваше воени единици во строев чекор, па му ставивме наслов „Метал, и сè е подобро“. Сега пошто Јоко Оно е во прашање, не оди таков наслов. Се изнамачи дечкото да најде некаква музика во тоа нејзино врескање од кое се добива рак на уши.