Музика

Едно грло имаме

Да се потсетиме што е концертна рок атмосфера, пошто уши ни пресушија во пандемијава. Се чекаат Грин деј во Хајд парк, 2017. Додека дојде бендот, на луѓето им пуштаат Боемска рапсодија од Квин. Кој не се наежи, цел живот во локдауни да си ужива. 

Пријатели во мол

„The minor falls, the major lifts“ подучуваше стариот Леонард Коен и нема поточно од тоа. Слушнете како меланхолично звучи една од најведрите и најполетни песни на сите времиња, кога е отсвирена во мол. 

Метал, и сè е подобро

Да чуете две мирнодопски воени видеа. Едно обично, едно заметалено.

Линдеман стигна на Црвениот плоштад

Кога во април годинава објавивме дека Линдеман има песна на руски, пишавме дека „тоа рускиот јазик ги омекнува и најтврдокорните гласни жици“. Неколку месеци подоцна, ете го ѕверот од Рамштајн на Црвениот плоштад, во придружба на три различни воени оркестри. Така се освојува Москва, а не ко оној глупион Хитлер.

Од што се слатките соништа?

"Sweet Dreams (Are Made of This)" e песна од Јуритмикс, од 1983 година. Ни Дејв Стјуарт ни Ени Ленкојс веројатно никогаш не помислил дека таа песна може да се изведе со дузина најразлични електрични апарати.

И сјебан и дебел, кралот е крал

Елвис ја пее и ја свири на пијано Unchained Melody, непосредно откако песната била снимена и неколку месеци пред да почине. Брефта и се бори за здив, ама гласот не попушта. 

Кога Каталонка ќе викне: Ајдеее!

Барселона Џипси Балкан Оркестра ја изведуваат „Македонско девојче“ пред некоја година, во Минхен. Убаво е. Ко да сме го имале ова на сајт ама ко да не ни е доста од вакви облоги, особено откако по рани ќе ни загребат некои наши богови кои - којзнае за кој курац - се спремни да нè поздравуваат со она име кое не само што не помина на референдум туку се зацементира со гласови на луѓе криминално носени од притвор.

Ако веќе е жешко, тогаш барем нека е “Highway to Hell”

Том Морело од Реиџ со распалени и зажарени гитари а бензин на огнот со своите гласови додаваат Брус Спрингстин и Еди Ведер. Пржење!

Кокаинскиот блуз на Џони Кеш

Оваа верзија досега не е слушната. Изведена е во април 1968 година, во Карусел Болрум (Грејтефул Дед едно време го држеа местото) и според Кеш, тоа бил еден од најинтимните концерти кои ги имал.

Во чест на покоен Џорлев и земјата која мислат дека ќе ја упокојат

Завршница на новогодишниот концерт на Танец во 2011 година. Пред само десет години. Како мислат дека таа емоција која ќе ја почуствувате овде ќе можат да ја закопаат со нивниот гмизавлук?

Маорска боемија

Веројатно нема поголем контраст меѓу британскиот рок на Квин од 70-тите години и традиционалната капа хака на Маорите од Нов Зеланд. Па сепак, музика е тоа, ил се дирну, ил се не додирну. 

Шизик на денот

Се вика Том Карди. Тренерка, синдикалка, мустаќ, сајзери, ритам, фраерлук. Пазете како ја билда неизвесноста додека да дојде до рефренот.

Што лошо ќе се слуша летово?

Преживување на летните хитови секогаш е трауматично искуство. Кога се враќаат после неколку години и пак стануваат хитови, тоа е скроз неиздржливо. Но, ако веќе некоја се враќа, подобро нека с враќа оваа, отколку, да речеме, Ламбада. Се викаа Пешн фрут а песната е Рига Динг Донг Сонг. Од 1999 година.

Боемска рапсодија од 1976 година

На вашингтонскиот свадбен бен Сикспенс им требаа 45 години ама сепак дочекаа да станат музичка сензација, откако некој ја откри, реставрира и објави на Јутјуб нивната изведба на Боемска рапсодија. Квин во живо никогаш  ја немаат вака изведено, сосе сите делови а без технолошки финти. Tезгаџиски прецизни и винтажни до коска. 

Свој меѓу туѓинци, туѓинец меѓу свои

На Никита Михалков, човекот од чиј филм заслужено изгубивме на Оскар (не затоа што нашиот „Пред дождот“ беше слаб туку затоа што неговиот „Изгорени од сонцето“ беше предобар) му ја свират главната тема на неговиот филм од насловот (од 1974 година). Боговски добро. А стариот знае што е музика, татко му ја има пишувано химната на Советскиот сојуз.

Васко и 21 век за сите среќно и несреќно заљубени

Васко може да ви остави впечаток на човек кој бааги зборува. Ама па, кога ќе видиш колку е вреден и тоа вреден без државни субвенции и лигавења, и кога ќе видиш колку музика прави и тоа колку добра музика прави, ти иде да го најдеш и да му кажеш: Збори ми Васе колку сакаш!

Американциве се кралеви за патетика

Аријана Гранде и Џејмс Корден, песната се вика „Нема веќе локдаун“. Бљуц.

10 песни инспирирани од Лондон

На ваков наслов ние би трзнале на химничната London Calling на Клеш, на меланхолијата на ‘A Rainy Night In Soho’ од Пoугс и евентуално на Џем. Ама има уште, и тоа добри. Напомена: „Hong Kong Garden“ na Сијукси ен д Баншис не е грешка, инспирирана е од ќумез за брза кинеска храна од лондонското предградие Чизлхрст.

Зошто бе затераа во овој правец?

Сè што треба да знаете за нумерата „Кокаина“ е содржано во еден Јутјуб коментар: "Доста ставате хејт коментари, не можу сви да ги лајкну“.

Мачето доби засилување

Мислевме еден читател не ни ја видел статијата „Има ли песна“ па ни го праќа видеото со измузичареното маче кое го имаме преслушано катаљарда пати. Ама не, ни пратил како тоа изгледа со засилување од неколкумина музичари од различни страни на светот. Прејако. Ни следуваат нова катаљарда слушања.

Пржење на денот

15 години одлежано 26 минутно парче виртуозен прог-рок инструментал. Во екипата се Дионис Стратров (бас и програмирање тапани), Бобан Василевски (гитара) и Петар Лукиќ (клавијатури). И сите играат во напад! Само најхрабрите ќе издржат до крај.  

Пејчиновски, чао

Младиот охридски шаман на гитара, Дамјан Пејчиновски, ја отсвирува Бела Чао во десет различни гитарски стилови. Кој од кој поинтересен и позабавен. Алал, момче. Какви сè погани усти ја извалкаа оваа песна, ќе треба долго вака да ја плакнеме.

Јонче во Њу Орлеанс

Дружината ја свири „Ако умрам ил загинам“ среде улица во Њу Орлеанс. Инаструментално, мислиш спремни се секој момент од некоја од тие кафаните да излезе Јонче Христовски и уште еднаш да замафта со сакото.

Има ли песна?

Во чест на сите оние кои околу себе наоѓаат музика дури и во најнеочекувани детали кои за останатите остануваат само неважни секојдневни фусноти. Знаат ли таквите колку се благословени?