Се работи за песната под наслов „Jiggle, jiggle“ што ја знаете по два стиха, затоа што обично толку собира во клиповите што ги придружува:
„My money don't jiggle, jiggle, it folds
I like to see you wiggle, wiggle, for sure“
Инаку е цела прописна песна од пет строфи на британско-американскиот режисер на документарци, Луи Терукс, која настанува кога тој седнува со двајца рапери продуценти што се дел од негов документарец.
Песната е од 2000-та, кога Терукс снима телевизиски документарец за гангстер рап на југот на САД, и како дел од програмата тој треба да се испроба во светот на субјектот што го снима. За конкретната епизода, за подобро да ја разбере рап сцената, тој се нафаќа да напише и изведе сопствена рап песна.
Повеќе од две децении подоцна, тој се појавува на едно Јутјуб шоу (Chicken shop date) каде водителката го потсетува на песната, а Терукс изведува еден дел.
Неколку музички продуценти од Манчестер го фаќаат тој дел, прават негов ремикс и го ставаат на Тикток. Група девојки од Лондон прва прави вирален клип со ова аудио и од таму песната незапирливо почнува да доминира со кратките видеа без разлика дали на Тикток, Инстаграм, Јутјуб или која и да е платформа.
Целото настанување на песната и значењето на стиховите од самиот Терукс: