На Тикток врие од клипови за блашинг, а прегледите на сè заедно стигаат и до бројка од над милијарда. На нив, корисниците се снимаат додека професионален артист за трајна шминка им ги бои усните. Се работи за полу-трајна техника за шминкање слична на тетовирање - се прават ситни дупчиња и се инјектира боја во епидермисот.
Бидејќи е поповршинско нанесување пигмент, исходот е пократкотраен од тетоважа. Поделикатен е отколку што изгледа и клиентите треба да се предупредуваат околу очекувањата. Се закажува и „мапирање“ за да се оформи регијата каде што ќе се направи тетоважата.
Се става локален анестетик 15-20 минути пред да се почне и се продолжува во текот на двочасовниот процес за артистот да биде сигурен дека клиентот нема да чувствува болка.
За резултати се потребни од 4 до 6 недели за посветли усни и 6-8 за потемни. Во текот на тие неколку недели, ќе се формира кора на усните, ќе паѓа тврдото ткиво и ќе отечат, исто како за тетоважа.
Иако оваа процедура е помалку инвазивна од филери, сепак има строги пред-и-потоа правила.
Треба да се избегнува ретинол, гликолна киселина и серуми со витамин Ц, за да не избледи тетоважата тие недели. Алкохол или кофеин 24 часа пред процедурата може да доведе до поголемо крварење или модрици. И треба да се држат усните добро хидрирани пред да се дојде на третман.