„Премногу голем фан сум на Џони Деп за да го гледам судењето. Го обожавам тој човек и едноставно - не сакам да ги слушам сите тие приватни детали,“ рече Бур на неговиот подкаст. „Од тоа што го гледам, типот растура. И доброто е што, ако навистина ја разоткрива женава дека лаже, се прашувам - сите тие луѓе што нели, едноставно ги прифатија нејзините лаги, дали ќе му се извинат некако, затоа што јавно го уништија.“
Вели дека би било фино луѓето јавно да се извинат и да кажат „можеби следниот пат нема да избрзуваме со заклучоците.“
„Навистина ми е неверојатно како упорно не се врти тркалото. Сите тие женски групи што гледаат како една жена лаже вака, што навистина им штети на позицијата, би помислил човек дека ќе кажат нешто.“
Деп инаку ја тужи Херд за 50 милиони долари, од истата причина од која веќе еднаш прашавме - Ќе му се извини ли некој на Џони Деп?
Неговиот адвокатски тим донесе заклучок после три недели сведочења. Адвокатите на Херд пробаа да направат да се отфрли тужбата пред да почнат со одбраната, што е стандард, но судијата им го одби барањето.