- Хипстерајот има ново име - indie sleaze style, или разлигавен, инди стил, барем таков е трендот по модните списанија.
- Јасно е дека сме на сред „враќање на 2000-те“, а со нив доаѓа и една под-категорија на разлигавено облекување, но, како што пишува Харперс Базар, што бараме во тесните фармерки и диско-панталоните?
- Пред една деценија, владееше хипстерско. Кај нас уште владее затоа што ние секаде доцниме, но сега не треба ни да менуваме нешто со оглед на тоа што списанијата повторно се полнат со златни хеланки, шишки на страна, стегачи а ла Ричи Тененбаум и маички со кратери од дупки за раце, отворени до колкови.
- Авторката Кејт Листер остро ја критикува чантата Биркин на Ермес како еден од најекстремните симболи на раскош и економска нееднаквост. Вели, чантите чинат десетици илјади фунти, а ретките примероци и стотици илјади, а нивната огромна цена не е оправдана со функционалноста, туку со престижот и желбата да се покаже богатство.
- Мета на критика е и културата околу сето тоа, промовирана од славни личности, инфлуенсери и ултрабогати луѓе. Според неа, апсурдот не е само во тоа што една чанта може да чини повеќе од годишната плата на медицинска сестра, туку и во фактот што ваквото расфрлање со богатството се слави како статус и успех, наместо да предизвикува непријатност во време кога многу луѓе живеат во сиромаштија.
- Смета дека Биркин можеби го губи статусот на престижен предмет бидејќи станала премногу присутна во културата на славните и почнала да се смета за кич. Посакува свет во кој луѓето ќе се гордеат со огромни донации каде што се потребни, не со фотографии каде што држат луксузни чанти.
- Авторот Бен Коб, по години поминати во Лондон како уредник и писател, во 2024 година со сопругата се преселил во Котсволдс, иако првично нивната стара куќа од 1605 година требало да биде само викендичка. Реновирањето било многу поскапо и покомплицирано од очекуваното, но тие успеале да го зачуваат карактерот на историскиот дом, со антиквитети, стари ткаенини, тапети и внимателно избрани бои.
- Најголемото изненадување бил новиот живот во малата заедница. Наместо очекуваната изолација и мир, Коб и сопругата стекнале нови пријатели и откриле дека селото има богат социјален живот, со вечери, коктели, отворања на ресторани и дури и повремени забави во штала. Токму преку новите познанства се родила и идејата за негова нова машка модна колекција инспирирана од животот во Котсволдс.
- По две години, Коб вели дека преселбата целосно му го променила животот. Почнал да се занимава со градинарство и пилатес, пронашол чувство на смиреност што долго му недостигало и, парадоксално, почнал уште повеќе да го цени Лондон.