- Бојд има нова книга: „Пети Бојд: Живот во слики“ и како што најавува i-d.vice, леќата ја врти кон надвор.
- Никогаш не сакала да биде славна, но судбината имала други планови за неа, па станува име во мода, музика и поп-култура.
- „Никогаш не разбрав зошто луѓето сакаат да бидат толку јавни; мене ми требаат мистериозни,“ вели таа. Нејзината убавина и шармот инспирирале песни, била „секојдневната девојка“ на психоделичната ера.
- Сега во новата книга, прави осврт на нејзиниот исклучителен живот од времето кога била „девојката со калеидоскопски очи на насловна на Вог“, до целото патување од двете страни на апаратот, и како уметник и како муза.
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.