- На самиот почеток на претходниот век, Сада Јако патува низ Европа и Америка со првата компанија за Кабуки театар видена на запад.
- Кога имала четири години ја продале во куќа за гејши за да го платат образованието на брат ѝ.
- Во време кога повеќето Јапонки се неписмени, учи да пишува и чита, учи секакви фасцинантни вештини и станува преголема за својата локација, па тргнува на запад.
- Максел извади нов Вокмен за да не дремат тажно сите касети што сме ги собирале низ децениите. Новото е што се полни на УСБ-Ц и освен 3,5 милиметарски влез за слушалки, има и блутут конекција.
- Со полна батерија работи 11 саати, а за да се наполни му требаат 2. Веќе се продава и чини околу 80 долари.
- Вокмен бе!
- Росана Аркет која се појави во Pulp Fiction, изјави дека е „гадно“ што Тарантино во сценариото користи навредлив збор за црнци.
- Кај Тарантино ова не поминува: „Драга Росана, се надевам дека публицитетот што го добиваш од 132 различни медиуми што ти го пишуваат името и ти ја печатат сликата вреди за ова непочитување кон мене и филмот во кој се сеќавам дека беше пресреќна што учествуваш?“
- Аркет ја играше Џоди, жената на Ленс (Ерик Столц). А, Тарантино продолжува: „Дали сега се чувствуваш вака? Можно е. Откако ти дадов работа, да ги земеш парите, па сега да го плукаш филмот од, ми се чини, многу цинични причини, покажува дека немаш ни достоинство, ни чест.“