Можно ли е Бијонсе да го врати каубојскиот шешир во мода?

Кај го враќа, па уште диско-топка-шешир е во прашање.

Кога ја најави светската турнеја во февруари, го направи тоа со промотивна фотографија од фотосесијата за албумот Renaissance, на која седи на блескав коњ, а на главата има светкав, сребрен каубојски шешир.

Турнејата е почната низ Европа, а фановите се тепаат за шеширот. Според една анализа на Насти Гал, пребарувањата за disco cowboy hat се скокнати за 525%. Претставник на Насти Гал вели:

„Пребарувањата на Гугл за за модни комбинации за концертот (Renaissance tour outfits) се зголемени за 658% во последните седум дена, што значи дека првата вечер од турнејата, фановите побрзале да бараат инспирација како да се облечат, а притоа да бидат пригодни за на концертите и нивната футуристичка-каубојска естетика.“

Во меѓувреме, на ТикТок луѓето веќе си прават свои верзии, како на пример еден направи-сам туторијал што има собрано над 300.000 прегледи и 37.000 лајкови.

@katepatto_ Replying to @Reeba of course! DIY Discoball Cowboy Hat Tutorial 🤠 #mirrorball #discoball #aushslot #renaissancetour ♬ Aesthetic - Tollan Kim

Скоро секаде каде што се продава е распродаден.

Потешкото прашање е дали заради ова, летово пак ќе се бавиме со варијации на тема каубојски шешир како во 2001-2002.

25 мај 2023 - 00:00