Убави беа улиците на Њујорк, колку и да им фалеше боја. И, затоа што - Њујорк, си викаш, океј, изгледа влегуваме во сезона на инсистирање на небои, на неутрално, на достоинствено, на монохроматско...
И доаѓа Лондон и вика „молим?“
Лондон, претставувајќи ја Европа продолжува по старо и со славење на индивидуалност и филозофија „anything goes“. И без разлика што може сте фанови на неутрално, за поздрав е ова инспиративно играње мода, односно - мода во права смисла на зборот.
Гледате како може сѐ?
Што можеме во 2020 да направиме за да не бидеме досадни?