На снимањето цело време останала во ликот, според Хатавеј, затоа што не дозволила ништо да ѝ го наруши филмот во глава. Во разговор со Греам Нортон, Хатавеј раскажува:
„Кога ја запознав ме гушна… И ѝ реков, леле, колку убаво ќе си поминеме додека го правиме филмов! И таа ми рече,
„Мила, ова е последен пат да сум фина со тебе.“
Потоа објаснува дека после тоа гушкање, Стрип се трансформирала во „ледената кралица“ што е Миранда Присли и со месеци ја игнорирала и била ладна со нејзе, сѐ до промоцијата на филмот.
Така што, излегува дека Хатавеј и Стрип на сет не биле во добри односи. Но,
„Таа е прекрасна, топла личност,“ заклучува на крајот и додава дека со задоволство би учествувала во повторна средба на екипата од „Ѓаволот носи Прада“.
Ај сега да се потсетиме: