Главните компоненти на облеката во тоа време, и за мажи и за жени биле туники (од пеплос и шитон) и наметка што се викала химатион. Пеплос била големо, правоаголно парче материјал, обично од волна, превиткано кај горниот раб за материјалот да паѓа до струкот. Се врзувало со игла кај рамената, а имало и специјален појас за струкот. Страниците се затворале со игли или се шиеле.
Шитонот бил од многу полесен материјал, секогаш увозен лен. Се шиел од страните, се набирал околу струкот и со игли или со шиење завршувал кај рамената. Женскиот шитон бил до под, а машкиот нешто пониско од колената.
Химатионот се носел преку туниките. Или се оставал на едно рамо, или се носел како еден вид шал. Материјалите се боеле во светли бои и се декорирале со детални везови.
Бонус: Спартанците не се шишале кратко (имале долги коси во плетенки), а гладијаторите не биле набилдани (напротив, археолошки наоѓалишта сведочат дека имале дебел слој масно ткиво на стомакот) и не гинеле по дифолт во борба.