Реакцијата била слична и за други славни личности - Адел, Џенифер Хадсон и Мелиса Мекарти на пример - кои станаа популарни со своите големи тела, па ослабеа на врвот на кариерата. Причината е што многумина во нив гледале луѓе што се чувствуваат удобно во своето тело, па се учеле на тоа, само за на крај да видат како идолите - им слабеат. Им дошло како ултимејт предавство.
„Го познавам тоа чувство на предаденост кога некој славен ќе направи така,“ вели Кејтлин Бејкер, психолог и лајф-коуч со специјалност за самодоверба и нарушување во исхраната кај жени, плус инфлуенсер познат како „дебелана докторка“. „Може да ти дојде како шамар. Првата реакција ми е како херој да престанува да биде херој.“
Многу истражувања покажуваат дека за малцинства, претставувањето - гледањето одраз на себе во поп-културата и медиумите - е витален елемент во имање „посилно чувство за свој идентитет и гордост за него“, затоа што „ти се покажува дека нешто е во ред,“ вели Бејкер. Дебелите популарни личности стануваат „доказот“ потребен за многумина, стануваат херои, модели и ментори.
На Адел ѝ замераат што така грубо зборувала за инсистирањето на (сопственото) слабеење кај Опра, чии премрежија со тежината исто така ги нервирале покрупните фанови. Им се чинело штетно што зборувала така, но Адел им објасни,
„Бев боди-позитив тогаш, и сега сум. Не е моја работа да одобрувам како луѓето се чувствуваат во своите тела. Криво ми е што некој се чувствува сега лошо во врска со себе, но тоа не е моја работа. Јас се обидувам мојот живот да го средам. Не можам да додавам уште грижи.“
На коментарите „нели ви е убаво во телото, што драмите?“ Вирџи Товар, боди-позитив инфлуенсерка објаснува дека
„Дебелофобично е да веруваш дека ниеден дебел човек не би избрал да биде дебел ако се прашува. Затоа кога одредени плус-сајз славни личности ќе дојдат до одредено ниво на слава и ќе почнат да слабеат, изгледа како да потврдуваат дека ова верување е точно. И само кога ќе се промени мајндсетот, ќе почнеме да гледаме промена во потпирање на славни личности за сопственото чувство на добросостојба и правда како дебели луѓе.“