Kia Ceed со својата трета генерација нуди многу новини како за моделот, така и за концернот. Почнувајќи од дизајнот, новите димензии, како и најновите технологии Kia со Ceed ќе атакува во сегментот каде конкуренцијата е најголема.
На самиот старт на продажбата во Македонија, Kia Motors, нуди акциски цени. Па така, Ceed со Vision ниво на опрема може да го добиете по цена од 13.990 евра, а во него да уживате во богата опрема како екран на добир централно поставен со камера за возење наназад и поддршка за Android Auto и Apple CarPlay. Во повисокото ниво на опременост, Ceed доаѓа со безбедносни системи за автономно сопирање и за одржување на возилото во лента, алуминиумски тркала, автоматски клима уред... и тоа за 15.990 евра. Двата пакети на Ceed се комбинираат со три бензински и еден дизелски агрегат. Прв е 1.4 литарскот со 100 коњски сили, потоа следат турбо моторите со зафатнина од 1.0 литри и 120 КС и 1.4 литарскиот со 140 КС. Дизелскиот придвижувач е 1.6 CRDi мотор кој развива 136 КС. Што се однесува до трансмисијата, понудени се две варијанти, односно 6-степен мануелен и 7-степен автоматски менувач со двојна спојка, а битно е да се нагласи и фактот дека сите мотори ги задоволуваат најновите EURO 6d стандарди.
Kia Motors Macedonia ги поканува сите заинтересирани да го посетат салонот или пак некој од дилерите со цел подобро да се запознаете со новиот Ceed и да добиете подетални информации.
(комерцијален текст)