За малиот јубилеј од пет епизоди, во новата „Фчерашни новости" ќе гледате неколку ексклузивни вести. Последни дознајте за новата авантура на Охрид и охридскиот туризам, изборите одложени, но кампањата продолжува. Можеби најексклузивната вест е влијанието на Ватикан во политичката криза во земјава.
„Фчерашни новости" повторно ве чека на „Телма" во недела во 19:10 часот, веднаш по вестите. Реприза на епизода гледајте покасно истата вечер во 23:05 часот, следниот ден, понеделник, после 16 часот и во четврток, исто така, после 16 часот.