Тантрум радио - Не сме како нив

Песна посветена на сите жртви од апокалипсата што се случи на 16-ти март, на сите повредени, истрауматизирани или на било каков начин погодени од тој ужасен настан.

Ова е крик од подрумот на душата и од најтемните датотеки на умот, едноставна и искрена песна напишана во еден здив, во еден потег, без калкулација, премислување и полирање. Така е и снимана - на прва, сирово, гласно и бучно. Затоа што така и треба да звучи.

Кочани ќе воскресне само ако престанеме да бидеме какви што бевме до сега.

Тие верзии од нас како поединци и друштво нека останат во минатото да бидат темни и оксидирани споменици од едно време.

Да не бидеме како нив.

Со почит,
Кирил

Од пепелта ќе никне цвет
Мартовски, крвав и црн
Цвет без мирис, отровен
Да биде во очите трн

За да знаат, дека овде имаше град
Нека знаат, во мракот ние сме зрак

Зошто не сме како нив!

Солзите име имаат
Се викаат ПРАЗНИНА
Несоница, немир, страв
Тишина, најгласна

Сега знаат, дека овде имаше град
Нека знаат, во мракот ние сме зрак

Зошто не сме како нив!

20 септември 2025 - 23:06